16 Декември, 2025
0.0749

Сараќини: Цената на струјата ќе расте, ни требаат мерки за енергетска ефикасност

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2012 14:45

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Ваљон Сараќини и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Вернер Хенгст го посетија аеродромот „Александар Велики“ за да видат како функционира системот за заштеда на електрична енергија што компанијата го воведе минатата година. Имено во аердромот беа инвестирани 100 илјади во BMS-системот кој овозможува управување со сите електрични потрошувачи во објектот од една контролна соба. Во него е вграден и системот SKADA кој обезбедува приказ на тековната потрошувачка на електричната енергија и ги предвидува оптимализациите на енергијата потребна за било која од функциите на аеродромот. „Во последно време се повеќе разговараме  за енергетската ефикасност и дека цената на електричната енергија ќе се зголемува. Тоа е светски тренд и како Влада не можеме многу да влијаеме, но можеме да влијаеме на начинот на кој се троши електричната енергија. Воведувањето на енергетската ефикасност на аеродромот „Александар Велики“ покажува дека инвестицијата се враќа за 18 месеци. Сметам дека тоа ќе биде мотив и за другите компании да вложат во енергетска ефикасност, рече министерот Сараќини кој додаде дека со воведување на мерки за енергетска ефикасност годишно може да се постигне заштеда од 40 до 50 отсто. Според Хенгст, аеродромот дава пример како е да се работи со највисоки стандарди, а во исто време да се обезбеди енергетска ефикасност во работењето, што според него е многу значајно кога електричната енергија станува се поскап производ. Како што истакна Генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски, Воведувањето на BMS-системот за управување со објектот е веќе исплатлива  инвестиција бидејќи преку 20 отсто е намалена потрошувачка на електрична енергија. Веќе е направен гасовод од ТИРЗ Скопје 1 до аеродромот и наскоро греењето ќе биде префрлено на гас, а се размислува и за воведување на соларна енергија, посочи Крстевски.

Можеби ќе ве интересира

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат

И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат

SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“

SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот

Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки

Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво