САШО МИЈАЛКОВ ДОБИ ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА „ТРЕЗОР“: Судот пресуди исто и за останатите обвинети

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2024 12:09
Сашо Мијалков, Горан Грујовски и Тони Јакимовски, обвинети
во случајот „Трезор“, денеска добија ослободителна пресуда за случајот во врска
со злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на
електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука
за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Поради апсолутна застареност
постапката запре постапката против обвинетиот Небојша Стајковиќ.
Според судијката Имране Селмани, која денеска ја изрече ослободителната пресуда, обвинетите се ослободуваат од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сознание дека го сториле делото за кое се обвинуваат.
На денешното рочиште судијката образложи дека во повторената постапка Обвинителството извршило измена на обвинителниот акт со кои обвинетите се гонат за злоупотребата на службената положба и овластување, но по друг став, наместо искористување на службената положба, сега се гонат сега за пречекорување на службената положба.
Ова е втора пресуда за случајот откако Апелациониот суд Скопје ги прифати жалбите на обвинетите и во 2022 година ја укина првостепената пресуда која беше донесена во 2021 година.
Со првичната пресуда, за повеќе ставови од „злоупотреба на службената положба и овластување“ беа осудени поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој доби единствена казна затвор во траење од осум години, а поранешниот началник на Петтата управа во Министерството за внатрешни работи, Горан Грујевски, на кој му се судеше во бегство, беше осуден на единствена казна затвор во траење од 15 години. Поранешниот помошник-министер во Министерството за внатрешни работи, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, добија затворски казни од по 5 години.
ФОТО: МИАМожеби ќе ве интересира
СДСМ OБЈАВИ 19 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

ГРЧКИ МЕДИУМ: Двајца капачи се удавија во морето, жена од Македонија и српски државјанин

НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА: Maкедонка пријавила дека партнерот ја тепал

ДОБИЈА 30 ДЕНА ПРИТВОР: Нино Васев и Нехат Нухи одат во Шутка поради случајот Онкологија

ИМАЛО ДИСЦИПЛИНСКИ ПРЕКРШУВАЊА: Предложено е разрешување на обвинителот Мустафа Хајрулахи и казна за Јован Цветановски

МЕРКО Е ВИНОВЕН И ТРЕБА ДА ПЛАТИ 10 ИЛЈАДИ ЕВРА: Струшкиот суд донесе пресуда за градоначалникот на Струга

Уапсено уште едно лице, го криел пиштолот на Палчо со кој се егзекутирани Вања и Панче

Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче, целта е да се сее страв пред избори

„ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ПАЛЧО“: Адвокатот на Палевски, Јовица Страшески вели ОЈО не доставило доказ за да се докаже вината кај него, бара ослободување
