Сашо Мијалков се пријавил во затворот во Струга
Објавено во: Македонија 22 Август, 2022
Eкс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, во согласност со судската покана за издржување на затворската казна, денеска по 14 часот се пријавил во струшкиот затвор, објави Телма, повикувајќи се на свои информации .„А1он“ објави дека тој во затворот дошол сам, без обезбедување, носејќи куфер.
Мијалков направи спогодба со обвинителството за непријавен имот во случајот „Империја“ и треба да одлежи три години затвор. Тој, откако се спогоди, ја смени адресата на живеење во Охрид, што му овозможи казната да ја служи во затворот во Струга, кој е од отворен тип. Ова наиде на критики во јавноста. Ваквата појава беше окарактеризирана како „затворски туризам“. Мијалков инаку деновиве славеше мекици по повод добивање внуче.