21 Јануари, 2025
0.0389

„Сава“ прослави 20 години од основањето и најави нов концепт за здравствено осигурување

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Со многу клиенти, пријатели, гости и луѓе од јавниот живот, кои уживаа во елегантните џез-звуци на биг-бендот на Љубљанската музичка академија, компанијата „Сава осигурување“ а.д. Скопје синоќа ја прослави 20-годишнината од своето основање. Ова претпријатие се приклучи на младиот осигурителен сектор во Македонија пред две децении, а денес е негов особено значаен и исклучително почитуван дел.
- Спојот на искуството, знаењето и младешкиот ентузијазам ни ја обезбедија високата позиција на пазарот и довербата на осигурениците. Денес имаме сопствена продажна мрежа од 38 подружници, како и брокери и агенти низ целата територија на Република Македонија. Пазарниот удел од 10,5% нè позиционира меѓу најдобрите на осигурителниот пазар - рече Петер Скварча, извршен директор на „Сава осигурување“.
Македонската компанија е членка на големата групација „Сава Ре“ чие седиште е во Словенија. Таа во 2013 година запиша премија од 386,7 милиони евра. Се работи за втората по големина групација за осигурување во регионот која забележа пораст на премијата од 43 отсто во споредба со претходната година. Неревидираната нето добивка за 2013 од 13,6 милиони евра, покажа зголемување од 15,4 проценти во однос на 2012 година. Како резултат на ова, годинава ќе се исплатат дивиденди во висина од 30 отсто од добивката за 2013 година.
- Она што ја прави нашата компанија посебна е стремежот да го подобриме квалитетот на сопствениот живот, животот на своето семејство и на семејствата на нашите осигуреници. Работиме на решенија кои ќе обезбедат поголемо спокојство кај осигурениците, креираме производи според потребите на клиентитеза потребите на населението, но и за унапредување на бизнисите - истакна Скварча.
Македонската „Сава осигурување“ е дел од стабилна групација чија матична компанија се вбројува меѓу најголемите реосигурителнни куќи  во Централна Европа, а тоа носи голем број поволности.  Освен безбедноста, на клиентот му оди во прилог и долгогодишното искуство во осигурителната сфера, како и перспективата за воведување нови начини на продажба на македонскиот пазар. Групацијата „Сава Ре“ го задржа рејтинг Б+++ што го ажурира компанијата „Стандард енд Пурс“.
- Наша амбиција е да бидеме, пред сè, најдобра компанија во Македонија за нашите осигуреници, за нашите деловни партнери, за нашите вработени, за околината во која што работиме и во која што живееме. Во наредните години очекуваме зголемување на бројот на осигуреници и проширување на продажната мрежа. Особено се радуваме на воведувањето на нови производи со кои ќе се бориме за своето место на пазарот. Токму деновиве ќе го промовираме концептот на здравственото осигурување за кое веруваме дека може да одговори на потребите на нашите осигуреници - откри Петер Скварча, извршен директор на „Сава осигурување“.

Можеби ќе ве интересира

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање