17 Декември, 2025
0.0629

СДСМ: Владата конечно ја враќа економијата на вистинска патека

Објавено во: Македонија 26 Април, 2018 15:27

Добивај вести на Viber

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ вршеше финансиска тортура, а реформите во економијата обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше финансиска тортура врз бизнисот и ги задолжуваше граѓаните на Република Македонија, па имајќи ја предвид оваа фактичка состојба во која ја доведоа економијата, изгледа крајно несериозно и нерелевантно, што токму опозицијата зборува за задолжување, наведуваат од СДСМ. 

„Нерационалното трошење е конкретна одлика на расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, партија која успеа тројно да ја задолжи државата за време на нивното криминално владеење и пустошење. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, новата Влада предводена од СДСМ успеа за само 10 месеци да креира нова клима на полето на економијата, притоа крајно транспарентно известувајќи ги граѓаните за сите релевантни активности кои ги презема новата Влада. Министерството за финансии излезе со јасно и концизно образложение за новата 30 годишна обврзница, која претставува соодветен успех, бидејќи е обврзница која сигнализира доверба поради зголемената рочност. Македонија покрај Словенија е единствената земја во регионот која издала 30 годишна обврзница. Делата зборуваат за реформите на новата Влада. Реформи кои ја враќаат довербата на граѓаните во институциите, бидејќи граѓаните за прв пат по цели 11 години имаат увид во работењето на Владата. Реформи, коишто носат повеќе пари кај граѓаните“ - реагираат од СДСМ. 

Додаваат дека новата Влада предводена од СДСМ конечно ја враќа економијата на вистинска патека. Безусловната препорака која ја доби Македонија е плод и на реформите во економијата, кои во голема мера укажуваат на подобрување на економската состојба во Македонија, стои во реакцијата. 

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека власта го крие долгот, дека се случува економско цунами и дека долговите ќе треба да се враќаат во следните 20 години. 

Можеби ќе ве интересира

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме