16 Декември, 2025
0.0567

Мицкоски да каже што го советувал Никола Груевски

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2018 13:31

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски бил дел од огромниот број од 91 советник на поранешниот премиер Никола Груевски, објавија вчера од Владата.

Ангажманот на Мицкоски и останатите 90 советници на Груевски годишно ја чинеле државата односно граѓаните над 1,7 милиони евра.

Од СДСМ денеска го повикаа лидерот на опозицијата кој бил советник  за енергетика да одговори што го советувал Никола Груевски.

„Дали Мицкоски го советувал за одлуката на владата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на дневната евтина тарифа на струјата, што резултираше со повисоки сметки за граѓаните?

Дали го советувал Груевски да се намали производството на електрична енергија за да се увезува струја по повисоки цени, заради лично богатење на поединци блиски до ВМРО-ДПМНЕ?

Дали Мицкоски советувал да не се спроведуваат енергетските реформи заради заштита на одредни бизнис интереси?“, прашува Михаела Иванова, од СДММ, посочувајќи дека во тој период Македонија доби најниска оценка, единица, од Енергетската заедница.

-Јавноста треба да знае за улогата на Христијан Мицкоски во креирањето и спроведувањето на погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски кои нанесоа огромна штета врз интересите на граѓаните и држават, посчија од СДММ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење