СДСМ бара решение, Шилегов најави Влада за брзо време!
Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2017 15:13
Портпаролот на опозицијата Петре Шилегов одговарајќи на новинарски прашања најави наскоро нова Влада.
Тој посочи дека СДСМ бара решени и замоли на трпение, поради сензитивноста на ситуацијата.
„СДСМ е целосно посветен на изнаоѓање брзо и ефикасно решение за формирање на новата Влада на Република Македонија. Граѓаните на изборите избраа влада којашто ќе ги воведе и донесе потребните и бараните промени, таква влада ќе биде избрана.
Сите политички субјекти коишто се инволвирани во процесот, постизборен, треба да се свесни за состојбата во којашто се наоѓа Република Македонија, за сложеноста на таа состојба и да сносат одговорност за своите одлуки“, рече Шилегов
Шилегов не даде одговор дали и кога ќе имаат средба лидерите на СДСМ и ДУИ , Заев и Ахмети и не одговори дали тие двајцата преговараат.
„Имајте трпение, во моментот кога некоја информација ќе биде зрела за споделување, ќе ја споделиме. Не би сакале да шпекулираме со информации заради тоа што дополнително ќе настане конфузија во јавноста“, потенцираше Шилегов.
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




