СДСМ: Граѓаните избраа заедништво, дефакторизација има само на власта на Груевски
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2017 21:25
СДСМ возвраќа на изјавите на Груевски дека прави обид за дефакторизација на македонското мнозинство во обид да формира влада со албанските партии. За СДСМ поважно е заедништвото и стабилноста и дека единствено повеќе фактор во Македонија нема да биде Груевски и неговата власт.
- Граѓаните на Македонија го избраа концептот на заедништво, наспроти концептот на поделби и тие веќе ги одбранија интересите на Република Македонија. Граѓаните избраа правда и живот и со тоа ги одбранија своите интереси и интересите на своите деца, кои ќе живеат во современа, стабилна и безбедна, праведна и правична, единствена Република Македонија.
Сите граѓани знаат дека Никола Груевски ги употребува своите последни сили да им наштети на нив и на државата, во очајните обиди да се спаси себеси. Се виде дека се што тој тврдеше е лага. Нема федерализации, нема кантонизации, нема редефинирања. Има само дефакторизација на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, којашто одбројува часови до својот политички крај. Затоа власта во заминување е немирна, а граѓаните се спокојни, велат од СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




