СДСМ: Најмалку четворица полицајци се повредени на празникот 4 Јули
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2022 10:52
Владеачкиот СДСМ денеска излезе со реакција на извештајот на МВР дека четворица полицајци се повредени при вчерашниот протест пред Владата. Од таму велат дека виносвни за вакциот епилог се ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и лидерите на овие две опозициски партии.
СДСМ додава дека на Денот на независноста на САД, на Денот на борецот, на дело се виде насилството на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.
„Јавноста вчера виде обиди за повторување на крвавиот четврток, на 27 април 2017 година од страна на политички партии кои не и мислат добро на државата и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и Левица по секоја цена се обидуваат да ја дестабилизираат државата, да го попречат процесот на евроинтеграција, одработувајќи за туѓи интереси.
Повредите се од удари со камења и други предмети. Македонската полиција успеа да ја задржи ситуацијата под контрола и да ги спречи намерите на оние кои безмилосно нападнаа врз македонските полицајци“, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.Можеби ќе ве интересира
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат
SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“
ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот
Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот




