СДСМ: Пресудата на Стразбур во полза на избрканите новинари е пораз за Македонија
Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2017 16:06
СДСМ ја поздрави пресудата на судот во Стразбур во полза на новинарите кои на Црниот понеделник заедно со пратениците на опозицијата беа избркани од Собранието.
„Со пресудата на Судот во Стразбур се потврди дека на 24 декември 2012 владата предводена од Груевски изврши грубо прекршување на законите и Уставот на Република Македонија. Пресудата која е донесена едногласно е уште еден меѓународен пораз за Република Макеоднија, но и за Уставниот суд на Р.М. кој го одби барањето на новинарите за заштита на слободите и правата на новинарите.
Ваквиот епилог во Европскиот суд за човекови права е доказ дека правдата е бавна, но сепак достижна. 24 декември ќе остане запишан како најцрниот датум во македонската современа историја како ден кога се погазија сите човекови права и слободи, само затоа што така посака Никола Груевски.
За никогаш повеќе да не се повторат грозоморните слики од црниот понеделник, на Македонија итно и е потребна нова влада одговорна на граѓаните. Доаѓа време на правда и одговорност. Секој кој го прекшил законот ќе мора да одговара без разлика дали бил нарачател или извршител на кривично дело. Македонија ќе тргне по патот на правдата, бидејќи тоа е единствениот вистински пат“, соопштуваат од СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




