СДСМ работи на собирање на потписи за побрзо формирање влада
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2017
Претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, сè уште се немаат сретнато, но постојат контакти меѓу партиите.
Ова денеска го потврди потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.Тој вели дека сè уште немаат обезбедено 61 потпис од пратениците.
„Процесот е во тек, работиме на нивно обезбедување и веднаш на формирање на новата влада. Јавноста ќе биде веднаш информирана кога ќе има некои нови моменти во однос на ова прашање“ – рече Манчевски.
За тоа дали ДУИ навистина го побарале премиерското место, Манчевски демантираше.
„Сите тие информации се во рамки на шпекулации, апсолутно нема никакви нови детали од она што вчера беше соопштено“ – додава Манчевски.
Јавноста ќе биде навремено информирана кога ќе има нови детали околу собирањето на потписи и составување влада.
За да му го мандатот за состав на влада, Иванов побарал од Заев да докаже дека има мнозинство и до неговиот кабинет да достави потписи од 61 пратеник.
Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да состави влада во предвидениот рок.