18 Декември, 2025
0.0545

СДСМ со реакција: ПОСЕТАТА НА МИЦКОСКИ НА УНГАРИЈА ОТВОРА СОМНЕЖИ ЗА ПОВЕЌЕ СУДСКИ ПРОЦЕСИ ПРОТИВ ГРУЕВСКИ

Објавено во: Македонија 04 Април, 2022 13:25

Добивај вести на Viber

Со честите посети на Будимпешта во клучни периоди се покажува дека единствена цел на Мицкоски е да го одбрани криминалот на Никола Груевски, сметаат од СДСМ.

„Очигледно е дека Христијан Мицкоски е по нови насоки и задачи кај неговиот шеф и ментор, Никола Груевски“, реагираат од СДСМ, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објави дека беше во Будимпешта, Унгарија, за да ја следи изборната ноќ од штабот на сестринската партија Фидес на старо-новиот унгарски премиер Виктор Орбан.

Според социјалдемократите, посетата на Будимпешта отвора сомнежи за судските процеси против Груевски, при што социјалдемократите го споменуваат предметот „Плацови на Водно“ кој е во својата завршница.

„Посетата на Мицкоски на Унгарија отвора сериозни сомнежи и во врска со повеќе судски случаи кои се водат во земјава против Никола Груевски и поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Дали Груевски му ја кажа стратегијата на Мицкоски за одбраната во случајот ’Плацови на Водно‘? Во овој судски предмет, Груевски е обвинет за сторено кривично дело перење пари и противправно стекнување и прикривање имот. Со честите посети на Будимпешта во клучни периоди се покажува дека единствена цел на Мицкоски е да го одбрани криминалот на Никола Груевски“, реагираат од СДСМ.

Според социјалдемократите, ВМРО-ДПМНЕ сè уште е партија раководена од Никола Груевски, партија која е единствена на браникот на криминалот на режимот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери