06 Октомври, 2024
0.0297

Се бара фирма која ќе донесе топловоден систем во Битола

Објавено во: Економија 04 Август, 2023

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ распиша меѓународен тендер на кој бара фирма која ќе ја доведе топловодната мрежа во Битола со почетно инсталирање на топлински потстаници во 35 јавни институции и СКАДА систем кој ќе ги следи податоците.

ЕСМ веќе го доведе топловодот што во должина од 12,5 километри ќе се простира од РЕК Битола до самиот град. Јавниот повик за топловодниот систем е објавен изминатите денови, а рокот за пријавување е до 12 септември. 

Претходно директорот на Топлификација Битола, Горан Козаров, рече дека први парно ќе добијат државни институции, судови, полиција, училишта, градинки, болницата, одредени загадувачи и објекти кои многу загадуваат и кои многу трошат за згревање. трансмисија на огромни количества на гасови и загревањето на тие институции чини многу пари. Потоа, мрежата ќе се разгранува низ градот со станбени објекти и индивидуални домови кои сакаат да се приклучат на мрежата.

За проектот Топлификација на Битола, Могила и Новаци се користи кредит од германската KFW банка во вредност од над 40 милиони евра, а дополнително АД ЕСМ инвестира 7 милиони евра сопствени средства.

„Топлинските потстаници ќе се инсталираат во подрумите на избраните згради во близина на постоечките куќни инсталации, главно во постоечките котлари. Капацитетот за греење се движи од најмал со 200 kW до најголем со околу 4,5 MW. 

Работите може да опфатат и градежни работи за надградба или реновирање на просториите на трафостаницата како подигање на ѕидови на разделници со пристапни врати или слично“, се вели во тендерската постапка, во која се нагласува дека самиот изведувач ќе го креира проектот.

Работите треба да завршат за една година, односно до крајот на 2024. Изведувачот ќе биде избран преку процес на меѓународно конкурентно наддавање. 

Во 2015 година, Собранието го изгласа Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот Топлификација на Битола, кој требаше да се склучи меѓу Кредитната банка за обнова - КфВ и АД ЕЛЕМ. Пратениците и од власта и од опозицијата, едногласно застанаа зад законот донесен по скратена постапка.

Проектот е предвидено да се реализира во две фази. Првата етапа е за изградба на магистрален цевковод од РЕК „Битола“ до самиот град во должина од 12,5 километри, потстаница и дистрибутивна мрежа во Битола, како и приклучоци до дистрибутивните мрежи во Новаци, Могила и Логоварди. Во втората фаза од изведбата на системот за централно греење ќе се гради дистрибутивната мрежа во населените места.

Системот треба да биде ставен во функција во текот на грејната сезона 2025/2026 година.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?