Се бара инвеститор за две катни гаражи на Клиничкиот центар во Скопје
Објавено во: Економија 23 Август, 2013 14:46
Во комплексот Клинички центар „Мајка Тереза“ ќе се градат две катни гаражи и хелиодром со вкупно 2.500 паркинг места по пат на Договор за јавно-приватно партнерство. Приватниот партнер во проектот треба да вложи 21 милион и 300 илјади евра, а сопственоста на објектите во периодот на концесионирање да остане кај јавниот партнер.
Тоа го покажува денеска презентираната физибилити студија за јавно приватно партнерство, на чија основа и по завршување на административните процедури за три до четири месеци Министерството за здравство ќе ја почне тендерската постапка за договорот за период од 35 години. Моделот за реализација на договорот за ЈПП што се препорачува е DBFOT (Desing-Build-Operate-
- Претпоставениот концесисики надомест е еден процент, а вкупната инвестиција 1.314.000.000 денари со претпоставен број на 60 вработени. Повратот на инвестцијата би бил за период од околу 12 години, рече на презентацијата Љубомир Димовски од консултантската компанија ЕПИ интернационал, што ја изготви студијата.
Заинтересираните инвеститори, според критериумите за тендерот, треба да имаат минимум работен капитал или пристап до кредитна линија од најмалку 10 милиони евра, да има вкупен годишен приход во последините три години од 10 милиони евра и искуство во организирање на проектирање, изведување, развој и управување со минимум еден спроредлив објект. Договорот за јавно-приватна набавка, според препораката, ќе се додели на фирмата што ќе понуди највисок концесиски надомест, како процент од вкупно остварениот приход од услуги на годишно ниво.
Министерот за здравство Никола Тодоров очекува дека ќе има заинтересирани инвеститори. - Станува збор за огромна инвестиција од над 21 милион, со добар поврат за околу 12 години. Тоа е профитабилен проект. Очекувам ова да обебзеди инвестициска активност на домашните и на странските компании и решавање на повеќедеценискиот сериозен проблем со возилата на Клиничкит центар, рече Тодоров.
Се планира првата катна гаража да биде лоцирана на празниот простор помеѓу Инфективната клиника и Фармацевтскиот факултет и со нејзина градба ќе се почне веднаш по склучување на договорот. Втората гаража ќе се гради на сегашната локација на Институтот за туберкулоза, откако ќе биде преселен во новиот Клинички центар. Во двете катни гаражи, што ќе имаат по седум ката, ќе има и деловен простор со површина од по 4.000 метри квадратни. Во втората катна гаража ќе се гради и хелиодром, обврска на приватниот партнер, со кој ќе управува комплескот клиники „Мајка Тереза“. Со урбанистичкото решение се предвидува да се овозможи и сервисна улица што ќе треба да го растовари сообраќајот на булеварот „Водњанска“.
Бројот на паркинг места што ќе се градат е проектиран на база на сегашната состојба и проекциите за наредните 35 години. Земени се предвид бројот на возилата на вработените и на пациентите од Скопје и од внатрешноста, периодите за влез, излез и задржување на возилата. Утвредно е дека во просек на двата постојни паркинзи влегуваат 2.041 возило, од кои 465 на вработените. Во еден момент на паркинзите се паркирани и над 1.500 возила. На интервали од 15 минути во комплексот клиники влегуваат 60 до 70 возила. Најголема е фрекфенцијата во периодот од 7 до 9 часот наутро.
- Сообраќајното решение на новиот проект е од големо значење заради тоа што кое било решение мора да предвиди соодветно решавање на влезот односно излезот на поголем број возила во краток временски период, укажа Димовски.
Приватниот партнер во проектот ќе треба да наплаќа билет за еден час паркирање со износ од најмногу 50 денари, а ќе има можност да ја корегира цената за 10 проценти на секои 5 години. Според Тодоров, ќе се инсистира на обезедување повластена цена за вработените.
Можеби ќе ве интересира
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно




