Се бара концесионер за „Македонско село“
Објавено во: Економија 17 Септември, 2013 11:15
Министерството за економија распиша оглас со кој ќе утврди дали има интерес од приватни концесионери за менаџирање и стопанисување со комплексот „Македонско село“, лоциран во скопската населба „Нерези“ спорти манастирот „Св.Пантелејмон“.
Целта е музејот на отворено „Македонско село“ да стане ексклузивна туристичка атракција поради што во соработка со заинтересираните субјекти ќе се конципираат целосно моделите и можностите за издавање под концесија. Апликациите со план и концепт за работењето треба да се достават до 10-ти следниот месец.
Комплексот „Македонско село“ се простира на површина од 12.194 метри квадратни. Во него се наоѓаат 12 автентични куќи од различни региони на Македонија, како и други придружни содржини, меѓу кои два ресторани, музеј, сувенирница, портирница, мал амфитеатар за организирање конференции... Во комплексот има и посебен дел со селско-стопански содржини - воденица, валавница, трло, штала, рибник... кои идниот концесионер ќе може да ги стопанисува.
Според огласот, во комплексот би се вршела хотелиерска, угостителска, туристичка и занаетчиска дејност, продажба на сувенири, како и производство на храна.
Издавањето на комплексот под концесија е дел од активностите за спроведување на Стратегијата за развој на туризмот и туристичките ресурси и капацитети на државата.
Можеби ќе ве интересира
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди




