15 Декември, 2025
0.0426

СЕ БЛИЖИ ДО ОСУМ И ПОЛ МИЛИЈАРДИ ЕВРА – јавниот долг по нагорна линија, станува ли Македонија презадолжена држава

Објавено во: Финансии 24 Октомври, 2023 08:20

Добивај вести на Viber

Во релативни бројки во овој период го држиме под 60 отсто од вредноста на бруто-домашниот производ, со што сме во границите на Мастришките критериуми, но во апсолутни суми факт е дека тој неумоливо расте од квартал во квартал, од година во година.

Јавниот долг на земјава веќе ја надмина психолошката граница од осум милијарди евра, достигнувајќи на крајот на јуни годинава 8,34 милијарди.

Притоа треба да се напомене дека во јавниот долг влегува и долгот на државата, но и долгот на јавните претпријатија за кои таа го гарантира нивното враќање, што би значело дека ако тие „заглават“ со исплатата на обврките кои ги презеле, сепак ќе ускокне државниот буџет и ќе ги покрие. Затоа и јавниот долг се смета како клучниот фактор кога се мери задолженоста на една држава, а многу побитно е колкав процент од вредноста на бруто домашниот производ зафаќаа, во смисла дали може да се осигура исплата на ратите кои ќе достигнуваат со текот на годините.

Фактор направи анализа за тоа како се движеле јавниот и државниот долг почнувајќи од 2015 година, па се до крајот на вториот квартал оваа година, според податоците кои ги објави Министерството за финансии.

Од нив може да се види дека оттогаш па наваму јавниот долг на државата е зголемен речиси двојно, односно ако 2015 година на крајот тој изнесувал 4,23 милијарди евра, веќе на крајот на јуни 2023 година достигнал 8,34 милијарди. За тоа, пак, кога бил најопасен јавниот долг и кога ги надминал дозволените граници, треба да наведеме дека тоа се случило на крајот на 2021 година, можеби поради корона кризата, кога јавниот долг ја пробил психолошката бариера од 60 проценти и се искачил на 61 отсто од БДП.

Да одиме со ред. Сега далечната 2015 година, за која исто така медиумите јавуваа дека опасно се движи кон презадолженост, сме имале јавен долг од 4,23 милијарди евра, што зафаќало 46,6 отсто од БДП. Секако, наредната 2016 година ние како држава покажуваме дека можеме и „подобро“ од тоа, па јавниот долг се искачува на 4,71 милијарди евра, а расте и неговото учество во БДП, позиционирајќи се на 48,8 проценти од вкупната вредност на економијата. Следната 2017 година, која политички беше една од најтурбулентните, бидејќи власта на многу тежок начин ја презедоа социјалдемократите заедно со ДУИ, беше малку посмирена од аспект на задолженоста, па иако јавниот долг во апсолутни бројки пораснал на 4,79 милијарди евра, се намалил како процент од БДП, и изнесувал 47,7 отсто. Растот на апсолутните бројки продолжува и во 2018 година, и тоа за позначаен износ, па јавниот долг достигнува 5,2 милијарди евра, а како релативна бројка сеуште е во пристојни граници, на нивото од 48,8 проценти. Доаѓа 2019 година во која јавниот долг се искачува на 5,54 милијарди евра, а како процент од БДП се уште е под 50 отсто, или конкретно таа година завршува со јавен долг од 49,3 проценти од вредноста на БДП.

И, најстрашната ковид година, 2020, носи и најстрашен раст на јавниот долг, па тој во апсолутни бројки се искачува за речиси една милијарди евра, достигнувајќи сума од 6,48 милијарди евра, и пораст на релативната бројка за над 10 процентни поени, искачувајќи се на 59,7 отсто од БДП, и така опасно приближувајќи се до максимално дозволената граница во рамките на ЕУ од 60 отсто.

Веќе на крајот на „коронски“ тешката 2021 година јавниот долг надминува седум милијарди евра и достигнува7,14 милијарди евра, а додека во поглед на учеството во БДП го надминува лимитот од 60 отсто и достигнува 61 процент.

Веќе 2022 година долгот се искачува на 7,7 милијарди евра, но поради растот на вредноста на БДП, неговиот релативен износ се спушта на учество од 59,7 отсто од бруто домашниот производ.

И, следува првиот квартал од годинава, со јавен долг од 8,28 милијарди евра, со намалено учество од 57,5 отсто во БДП, за на крајот на вториот квартал од годинава за кога го имаме и последниот податок, тој да дојде до 8,34 милијарди евра, и достигнувајќи опфат од 57,9 отсто од бруто-домашниот производ.

Јавниот долг се дели на надворешен и внатрешен, па може да се забележи дека на крајот на 2015 година земјава должела 2,85 милијарди евра кон странците, за на крајот на вториот квартал 2023 година да се зголеми на цели 5,48 милијарди евра, додека, пак, внатрешниот јавен долг бил 1,38 милијарди евра во 2015 година, а на крајот на првото полугодие од годинава достигнал 2,86 милијарди евра долгот кон внатрешните кредитори.

Ако го гледаме државниот долг, пак, табелата говори дека тој во 2015 година бил на ниво од 3,45 милијарди евра и тежел 38,1 отсто од БДП, додека, пак, на крајот на првото полугодие од годинава достигнал 7,25 милијарди евра, што значи дека е зголемен повеќе од двојно, и 50,4 отсто учество во БДП.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете