18 Март, 2025
0.0418

СЕ БЛИЖИ СВЕТИ ВАЛЕНТИН: Дали младите купуваат злато или тоа стана луксуз?

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2025 07:51

Добивај вести на Viber

Од златарниците се жалат дека младите скоро и да не купуваат златен накит за подарок за Свети Валентин, за Денот на вљубените и додаваат цените растат, со што златото станува луксуз. За 100 евра може да се купи скромен подарок, да се избере она што е најевтино. За нешто поспецифично треба да се одвојат повеќе пари, а финансиските мoжности на граѓаните не се на завидно ниво. Златарите со носталгија се сеќаваат на поубавите времиња во минатото, кога луѓето имале поголема куповна моќ и купувале злато за себе, но и за подарок.

„Ништо не купуваат луѓето и скапо е, искрено да зборуваме. Примањата се горе-долу исти, храната е доста скапа, не им остануваат пари на луѓето, а без ова се може. Секогаш златото било луксуз, но еден период цената беше прифатлива, да може да си дозволи народот да си купи, да се почести. Ни за себе сега не купуваат, а не за подарок и за 100 евра да сакаат нешто да набават, тоа е нешто ситно, малку, тенко. За Свети Валентин не купуваат нешто посебно. Пред 40 години имаше многу работа, за Нова година купуваа, за други поводи. Сега за Нова година можеме комотно да затвориме и да си одиме некаде. Сега само за крштевка купуваат злато, едвај се решаваат и за бурми, што се за нив, за купувачите и ќе им останат. Се надевам дека војните ќе запрат, да се стабилизира цената на златото. Пред короната ако цената била 2.500 денари за грам, а сега е од 5.000 денари, па нагоре, зависи од работната рака, затоа што сите артикли не се исти. За кратко  време цената отиде двојно нагоре, а платите не се двојно поголеми. И лошо е тоа што цената варира секој ден. Подобро е ако цената е стабилна. За нас и за купувачите  би било подобро цената да е стабилна. Јас се сеќавам како млада кога почнав да работам, имавме лимит колку треба да продадеме дневно и откако таа сума ќе ја исполневме, можевме комотно веќе и да не продаваме тој ден, да си одиме дома“, објаснува сопственичка на скопска златарница.

Поради неизвесноста на финансиските пазари, цената на златото, кое се смета за сигурно засолниште за капиталот во неизвесни времиња, последниве денови расте. Пред два дена цената на унца злато достигна рекордно високо ниво од 2.935 долари.

„Луѓето сè помалку купуваат златен накит. Грам злато чини 4.200 денари, но зависи од изработката,  има и за  5.000 денари по грам. Тешко оди, скоро и да не купуваат злато за Свети Валентин, туку купуваат парфем, цвеќе и толку. Во последните 3 години падна продажбата. На тоа си влијае и старосната структура на населението. Старите не купуваат злато. Порано многу се купуваше. Пред 15 години беше добро, последниве 10 години е лошо. За секаков повод порано купуваа и за роденден, за матури, за веридби и златото беше на прво место, беше достапно. Луѓето имаа пари. Парите вредеа, имаше луѓе. Златото секогаш било ценето и ќе биде, тоа не губи, но луѓето немаат пари. Златото не излегува од мода, но проблем  е што ни остана постара популација. Дури и на 13 години децата размислуваат за иселување и тоа ќе биде полошо и за бизнисите“, велат од струмичка златарница.

Цената на златото постојано се зголемува од средината на декември минатата година. За тоа време порасна за околу 12 проценти. Доколку продолжи геополитичката неизвесност и ако растат инфлациските очекувања, нагорниот тренд на златото би можел да продолжи. Прогнозите се дека унца може да достигне и цена од 3.000 долари. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

СТОЈМЕНОВА-ДУХ: Aко верувам во некој, верувам во словенечките доктори

СТОЈМЕНОВА-ДУХ: Aко верувам во некој, верувам во словенечките доктори

СНИМАЛЕ СО ДРОНОВИ: Новинари приведени на собирите во Скопје и Кочани

СНИМАЛЕ СО ДРОНОВИ: Новинари приведени на собирите во Скопје и Кочани

(ГАЛЕРИЈА) УМИРАМЕ ОД КОРУПЦИЈА: Ваква порака упатија граѓаните до властите

(ГАЛЕРИЈА) УМИРАМЕ ОД КОРУПЦИЈА: Ваква порака упатија граѓаните до властите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Луѓето во Скопје, Кочани и во другите градови оддадоа почит на загинатите во пожарот во „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Луѓето во Скопје, Кочани и во другите градови оддадоа почит на загинатите во пожарот во „Пулс“

ПОМОШ ОД ПОЛСКА: Двајца повредени од пожарот во Кочани се пренесени во оваа земја

ПОМОШ ОД ПОЛСКА: Двајца повредени од пожарот во Кочани се пренесени во оваа земја

МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ: Забрането е летање дронови во Кочани и Штип

МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ: Забрането е летање дронови во Кочани и Штип

МУ ВПЕРИЛ ПЛАСТИЧЕН ПИШТОЛ: Ученик во велешко училиште со лисици врзал соученик

МУ ВПЕРИЛ ПЛАСТИЧЕН ПИШТОЛ: Ученик во велешко училиште со лисици врзал соученик

ПРОТЕСТ ВО КОЧАНИ: Граѓаните бараат слобода за приведените кои спасувале млади луѓе во дискотеката „Пулс“

ПРОТЕСТ ВО КОЧАНИ: Граѓаните бараат слобода за приведените кои спасувале млади луѓе во дискотеката „Пулс“

(ФОТО) МОЛК И СВЕТЛА: Бројни граѓани на скопскиот плоштад оддаваат почит на загинатите во Кочани

(ФОТО) МОЛК И СВЕТЛА: Бројни граѓани на скопскиот плоштад оддаваат почит на загинатите во Кочани