СЕ ДОЗНА КОЈ Е ТЕПАЧОТ НА ШАНКЕР БИДЕЈЌИ НЕ МУ ДОЗВОЛИЛ ДА КРШИ ЧАШИ - притворен е Габриел Бајрам, советник во Град Скопје
Објавено во: Македонија 30 Јули, 2022 17:31
Откако македонската јавност се прашуваше кој е дрскиот насилник кој заедно со својот син тепал шанкер бидејќи не му дозволил да крши чаши и чинии во кафеана, а за тоа претходно извести обвинителството, соопштението на МВР ги расчисти дилемите.
Станува збор за Габриел Бајрам, син на починатиот Амди Бајрам и советни во Град Скопје, на кого му е изречена мерка притвор, како што веќе соопшти обвинителството.
„Денеска (30.07.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против Г.Б.(40) и В.Б.(21), за сторено кривично дело „насилство“, по чл.386 од Кривичниот законик.
Тие на 28.07.2022 околу 23.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Чаир физички нападнале едно лице вработено таму и оштетиле дел од инвентарот во објектот.
Лицата се изведени пред Судија на претходна постапка, од чија страна на Г.Б. му е изречена мерка притвор, а на В.Б. му се изречени мерки на безбедност“, се вели во соопштението од МВР.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




