17 Декември, 2025
0.0812

Се интензивира економската соработка помеѓу Македонија и Јордан

Објавено во: Економија 12 Септември, 2013 13:20

Добивај вести на Viber

Македонија и Јордан имаат многу можности за економска соработка, а веќе денеска бизнисмените од двете земји потпишаа договори за соработка и за основање на Македонско-јордански бизнис совет. На бизнис форумот организиран во Стопанската комора на Македонија, бизнисмените од двете држави преку директни средби ќе се обидат да најдат заеднички интерес на соработка. - Јордан претставува порта кон медитеранскиот свет, но и Македонија се наоѓа во срцето на Европа и затоа сматаме дека постојат големи можности за инвестиции. Бидејќи во Македонија веќе има јорданска инвестиција, се надеваме и дека Македонците ќе направат инвестиции во Јордан, изјави Иса Мурад, претседател на Јорданската европска асоцијација. Со потпишувањето на двата договори, според Мурад, ќе се заштитат бизнисмените од двете држави од двојно одданочување, а воедно ќе се штитат и нивните инвестиции. Од Стопанската комора на Македонија, денешното потпишување на договорите го гледаат како прв чекор во интензивирање на соработката кој ќе им биде од корист на сите во иднина. - Јордан го сметам како медијатор во арапските свет кој може понатаму многу да ни помогне во трговијата и во приближувањето на бизнисните на двете земји, истакна Горан Рафајловски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија. Местоположбата на Јордан или т.н. панмедитеранска зона, смета Рафајловски, може да овозможи бизниси во двата правци и инвестиции кои ќе поттикнат во иднина поголема оработка . Јорданската делегација која престојува во посета на Македонија е составена од бизнисмени од реномирани јордански компании, членки на Јорданската европска бизнис асоцијација и Стопанската комора на Јордан.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи