19 Декември, 2025
0.0516

СЕ ЈАВИ ТРИФУН КОСТОВСКИ, ПОРАНЕШНИОТ ГАЗДА: Зградата на бившата Еуростандард банка не смее да биде подолу од 12 милиони евра

Објавено во: Финансии 16 Март, 2023 13:31

Добивај вести на Viber

Откако Фактор ја објави информацијата дека компанијата Пантелеон ГС дала најдобра понуда за купување на зградата на Еуростандард банка, до нашата редакција писмо испрати бизнисменот Трифун Костовски, кој излезе со порака до стечајниот управник, но и до Одборот на доверители на банката, дека зградата на неговата некогашна банка во центарот на Скопје вреди не помалку од 12 милиони евра. 

„Во Фактор е обзнаето дека фирмата Пантелеон ГС на третата по ред и последна аукција понудила 5,37 милиони евра за дирекцијата на бившата Еуростандард банка, со вкупна квадратура од 3.500 м2, со  можност на доизградба на нови 800 м2 во самиот епицентар на Скопје.

Го крчмите мојот имот без око да ви трепне. Предупредувам дека мојата војна против организаторите на овој криминоген чин ќе оди до крај.

Зградата на бившата Еуростандард банка по ниту еден параметар не смее да биде подолу од 12 милиони евра. 

Предупредувањето го упатувам до Стечајниот управител Саздовски и Одборот на доверители.

Немојте да дозволите процедурално да помине криминоген чин во обезвреднување на туѓиот имот за сметка на поединци и групи“, пишува Костовски во своето обраќање до Фактор.

Тој упатува уште една порака.

„Самиот манипулативен чин за евтино купување на мојот имот е ваш потег да го обезвредните собраниот капитал во стечајната маса, и со тоа на јавноста да докажете дека јас и моето семејство сме виновни доколку не се соберат средства за обештетување на правните, физички лица и нас, акционерите“, пишува Костовски во своето обраќање до стечајниот управник.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми