15 Јануари, 2025
0.0277

Се менува Законот: Кој и фрлил мерак на Поштенска банка!?

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Со новите измени кои денеска го поминаа првото читање пред собраниската Комисија за финансисирање и буџет на Поштенска банка и се одзема ексклузивното право да врши активности поврзани со поштенскиот сообраќај.

Според заменик министерот за финансии Недим Рамизи, Владата ја задржува златната акција што ја има во Поштенска банка преку Македонски пошти и  по евентуалното приватизирање на Банката или Поштите, ќе одлучува дали ќе ја продава или не.

„Се оцени дека ексклузивитетот на Поштенска банка да дава услуги за Македонски пошти е несоодветен на пазарните услови во кои делуваат банките во Република Македонија. Со измената, Поштенска банка, практично, се става во иста позиија како останатите банки. Се легализира тој дел, сите банки ќе имаат можност да ги вршат тие услуги“, посочи Рамизи кој сепак не одговори дали некои од поголемите банки се заинтересирани за купување на Поштенска. Фактор веќе пишуваше дека  Министерството за финансии на големо се спрема за продажба на Поштенска банка, за чија цела бара консултантска куќа која ќе направи проценка на акциите на банката. Владата со својата златна акција се уште има одлучувачка позиција за продажба на оваа банка. Штедилниците се претвараат во банки? Измените предвидуваат на поголемите штедилници да ми се овозможи да се трансформираат во банки, а на помалите во финансиски друштва. „На големите штедилници кои располагаат со капитал значително над предвидениот минимум, ќе им се олесни трансформацијата во банка, без спроведување стечај или ликвидација, додека малите кои прибираат депозити заради законска обврска, ќе може да работат со сопствениот капитал по значително полиберални стандарди“, објасни Рамизи. Законските измени предвидуваат побарувањата на акционерите од банките да се претворат во акционерски капитал на банката, забраната од почетниот капитал да се намалува со враќање на уплатените влогови на акционерите, Народната банка да пропишува повисока стапка на адекватност на капиталот зависно од пазарните и макроекономските услови и воведување обврска, надворешната ревизија на банката покрај ревизија на годишните финансиски извештаи да врши ревизија и да поднесувања извештаи и за работењето на банката. Во делот на прекршоците се намалуваат глобите со цел обезбедување непристрасност при нивното изрекување. Воведен е единствен износ за казни.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања