СЕ НАМАЛИЛО ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО ЕУ: Кои земји имаат раст и влечат напред?
Објавено во: Економија 12 Ноември, 2025 18:51
Има намалување на земјоделското производство во Европската Унија(ЕУ), додека Ирска, Шведска и Хрватска бележат раст.
Според податоците на Евростат, вкупната вредност на земјоделското производство во Европската Унија се проценува на 531,9 милијарди евра по основни цени за 2024 година, што претставува намалување од 0,9 отсто во споредба со 2023 година (536,7 милијарди евра).
Ова е втора година по ред со благи осцилации по врвот во 2022 година. Во 15 земји-членки на ЕУ е забележан раст на вредноста на производството во текот на 2024 година, пренесува bizportal.rs.
Најголем раст постигнаа Ирска (+8,9 проценти), Хрватска (+8,8 проценти) и Шведска (+5 проценти), додека најизразен пад е регистриран во Франција (-9 проценти), Романија (-8,5 проценти) и Бугарија (-8 проценти).
Кога станува збор за структурата на производството, половина од вкупната вредност (50,3 проценти) доаѓа од растително производство (267,7 милијарди евра, пад од 3,1 процент), додека 41,1 процент доаѓа од сточарство и производство на животински производи (218,8 милијарди евра, раст од 1,9 проценти).
Останатите 8,5 проценти беа земјоделски услуги и секундарни активности (45,4 милијарди евра, пад од 0,6 проценти).
Трошоците за меѓупотрошувачка, т.е. влезни средства што не се поврзани со инвестиции, изнесуваа 303,3 милијарди евра, што е за 3,7 проценти помалку од претходната година.
Комбинацијата од овие промени доведе до раст на бруто додадената вредност во земјоделството за 3,1 отсто, па таа изнесуваше 228,6 милијарди евра во 2024 година.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




