17 Декември, 2025
0.0614

Се намалува бројот на ЦЕМТ дозволи за постарите камиони

Објавено во: Економија 25 Септември, 2013 20:10

Добивај вести на Viber

Идната година ќе се поделат 1310 годишни ЦЕМТ дозволи за оние возила со еуро 5 категорија. За тие со еуро 6, за првпат се планирани  84 дозволи, соопштија денеска од Министерството за транспорт и врски.

Аплицирање за ЦЕМТ дозволите ќе се прави по интернет, а повикот ќе трае 5 дена, од 10-15 октомври. Право на учество имаат трговските друштва со лиценци за јавен превоз на стоки за сите видови меѓународни транспортни дозволи, но и трговските друштва кои веќе имаат лиценца за превоз на стока за сопствени потреби, за поединечни транспортни дозволи.

„Во последните 12 месеци во Македонија се купени повеќе возила со еуро 5 и еуро 6 стандард  и во контакт со дилерите знаеме колку точно ќе пристигнат до 10 октомври.  Моментно се лиценцирани 29 возила со еуро 6,  а се очекува до 10 октомври да има 84, што значи дека  таа категорија ќе биде целосно покриена“, изјави министерот Јанакиески и додаде дека со ова ќе се покријат 65% од возилата со еуро 5 стандард, односно дека годинава  15 проценти помалку превозници ќе добијат ваква дозвола.

Според министерот, тенденција на ЕУ е да се даваат повеќе дозволи за еуро 6, бидејќи новите камиони помалку загадуваат. Во иднина , најави тој, за еуро 5, ќе има уште помалку ЦЕМТ дозволи.

„Некои земји се уште доделуваат дозволи за еуро 4, но бидејќи имаат многу помалку расположливи превозни средства  во однос на Македонија“, забележа Јанакиески.

Идто така, на први и втори октомври во Министерството ќе се аплицира за одобрување возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници. И за оваа ставка се аплицира по интернет, а може да учествуваат заинтересирани превозници-правни лица со лиценца за вршење меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди