24 Јануари, 2025
0.0359

„Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор“: Османи вели „Стражата на јазикот“ се всушност чуварите на Македонија

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Во седиштето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во тетовска Мала Речица почна состанокот на Централното претседателство на партијата, на кој присуствуваат и лидерите на нивната коалиција „Европски фронт“.

По започнувањето на состанокот ДУИ преку електронска пошта информираше дека сите лидери на политичките партии од „Европскиот фронт“, по итниот координациски состанок одржан во Тетово, денес ќе им се приклучат на таканаречената група „Стража на јазикот“, која пред Уставниот суд постави шатори и таму престојува од вчера.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, рече дека сите политички лидери ќе ја поддржат „Стражата на јазикот“.

- Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор, а тоа е јазикот. „Стражата на јазикот“ е всушност стражата на разумот. Таму се чуварите на разумот. Тоа се чувари на мултиетничка Северна Македонија. Тоа се луѓе коишто се над партиските интереси, над етничките интереси. 

Се јавуваат бројни Македонци коишто велат што, кој, ова лудило, како се враќаат зомбите од минатото за да го демонтираат тоа што постигнавме 20 години и создадовме пример на функционална мултиетничка Северна Македонија. Да се вратат теми кои сметавме дека се завршени.

Оваа кауза не е на ДУИ, ниту на „Европскиот фронт“, туку на сите луѓе со добра волја за оваа држава. Ова е и ваша кауза, независни новинари, новинари, Албанци, Македонци. Мора да им кажеме стоп на овие зомби од минатото кои сакаат да вратат зла крв помеѓу граѓаните, откако макотрпно со голема инвестиција на меѓународната заедница, изградивме општество на кое ни завидуваат другите - изјави Османи пред состанокот.

Османи ја обвини Владата за дестабилизација и рече дека доказ за тоа е што се поставени луѓе кои се експозитура на југословенската политика.

- Времето е поминато за ваквите одлуки, граѓаните независно Албанци, Македонци нема да дозволат и ќе ги изолираат. Тоа е пораката која што веројатно ќе ја пренесеме и денес. Владата од прв ден се обидува да ја дестабилизира, прво најавува, цело време подготвува амбиент.  Потоа ги предизвикува граѓаните во најсветите прашања за етничкиот идентитет, јазикот, волјата. 

Меѓутоа, ние нема да дозволиме да се дестабилизира. Ние сме тие кои што во моментот сме чувари на стабилноста. Ние сме тие кои што сме чувари на мултиетничка Македонија наспроти овие зомби од минатото кои сакаат да не вратат 20 години наназад и да ги вратат темите коишто сметавме дека ги оставивме назад. Јас бев тој кој што работеше за македонскиот јазик да биде официјален во Европската унија. 

Успеавме во тоа денеска некој антиподи на таквата политика во којашто се помагаме еден со друг, се солидаризираме, се поддржуваме еден со друг, сакаат да го киднапираат мирот, да ни ја киднапираат стабилноста. Нема да дозволиме, затоа што во ова сме сплотени сите независно од етничка и партиска припадност - рече Османи.

Можеби ќе ве интересира

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато