СЕ ОГЛАСИ ДОДИК ОД БОЛНИЦА - денеска ќе биде опериран
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2024
Претседателот на Република Српска Милорад Додик се огласи за прв пат отакако беше објавено дека е примен во болницата во Белград. Тој се пожалил на акутни болки во стомакот и хранопроводникот, а денеска ќе биде опериран.
Тој доцна синоќа, прв пат по хоспитализацијата се огласи на социјалните мрежи. Додик на платформата Х објави дека го посетил претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
- Ми посака брзо закрепнување по операцијата - изјави Додик.
Предсједник Србије @avucic посјетио ме је вечерас у болници у Београду.
— Милорад Додик (@MiloradDodik) December 8, 2024
Пожелио ми је што бржи опоравак након операције. pic.twitter.com/oLPcyCNIrS
За потсетување претседателот на Република Српска, Милорад Додик вчера беше хоспитализиран во Белград поради акутни болки, соопшти неговиот кабинет.
Според првата дијагноза, се додава, по потребните подготовки, следи оперативен зафат на хранопроводникот и желудникот.
„За здравствената состојба на претседателот на Република Српска јавноста ќе биде навремено информирана“, се наведува во соопштението.