16 Декември, 2025
0.0379

Се огласи сопругот на Мирјана Најчевска: Бујар Османи не ме врати од Прага, сам си поднесов оставка

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2023 15:34

Добивај вести на Viber

Амбасадорот во Чешка, Сашко Тодоровски, инаку познат и по тоа што е сопруг на професорката и експерт за човекови права Мирјана Најчевска, која важи за голем критичар на власта, во вестите на Канал 5 вели дека не е отповикан од функцијата од министерот за надворешни работи Бујар Османи, туку дека сам си дал оставка.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, на денешниот брифинг со новинарите. соопшти пак дека Тодоровски е отповикан поради констатирани нерегуларности во извршувањето на својот мандат.

Османи рече дека, меѓу другото, станувало збор и за лажно претставување на сопругата како културен аташе и не ги почитувал инструкциите што доаѓале од Министерството за надворешни работи.

„Има констатирано нерегуларности во извршувањето на мандатот, има лажно претставување на сопругата како културен аташе, непочитување на инструкции на Министерството за надворешни работи. Ова е процедура што трае повеќе месеци“, рече Османи.

Тодоровски попладнево се огласи и рече дека сам си поднел оставка, а услугите на Најчевска ги плаќал сам од својата плата.

- Јас нејзе ја задолжив да биде научен аташе, тоа си е одлука на амбасадорот како ќе ги искористи ресурсите. Сопругата добива 10 отсто од мојата плата да врши дипломатски задачи, рече Тодоровски.

Османи рече дека Тодоровски е отповикан на средина од мандатот., а Најчевска се огласи на социјалните мрежи дека тој му е слуга на партискиот лидер Али Ахмети и дека го приватизирал МНР.






Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење