Се огласи жената која е сликана со Груевски во Будимпешта
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2022 15:35
Сензационални наслови, полни со шпекулации и претпоставки, невкусни коментари и навреди, деновиве го преплавија интернетот поради фотографија на поранешниот премиер Никола Груевски, направена во Будимпешта, а на која тој позира покрај млада жена, пишува Фокус.
Приказни дека си нашол невеста од Будимпешта, дека повторно ќе се жени и низа на други непроверени тврдења ја анимираа јавноста, без притоа да се знае фактичката состојба, па дури и идентитетот на жената чиј лик се најде во центарот на вниманието.
Која е вистината за овој настан, во телефонски разговор за ,,Фокус” појаснува самата таа, која не по своја вина стана еден вид на сензација, но и жртва на злоупотреба на приватна фотографија.
Станува збор за сериозна жена, семејна личност, мајка и посветена здравствена работничка, која до пред два дена не можела ниту да претпостави дека фотографијата со нејзиниот лик ќе стане топ тема во земјава. Како што појаснува, целата ситуација е класична злоупотреба на приватна фотографија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




