Се олеснува постапката за вработување странски државјани
Објавено во: Економија 18 Септември, 2013 14:23
За да се олесни постапката за добивање дозвола за вработување или работа на странците во Македонија, се менува односно дополнува постојниот Закон за вработување и работа на странци, кој беше донесен во 2007 година. Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска го даде на натамошно читање дополнувањето на Законот, со кој се предвидува намалување на бројот на документите кои странецот треба да ги приложи пред Агенцијата за вработување, што Агенцијата во натамошна постапка ќе ги бара од надлежните институции по службена должност. Исто така, ќе се овозможи, Агенцијата за вработување по донесување на посебен акт да може да ги наплати трошоците во процесот на прибирање на документи од други институции неопходни за постапката за издавање на работна дозвола, како и Агенцијата по службена должност да направи прекин на работниот однос по истекот на работната дозвола на странецот.
Кон дополнување на Законот е пристапено, како што појасни на денешната седница, претставникот на Министерството за труд и социјална политика, за да се надминат констатираните слабости.
На дневен ред на Комисијата, исто така, во прво читање беше и Предлог-законот за правда на децата.
Можеби ќе ве интересира
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди




