16 Декември, 2025
0.1893

Се по законот: Се збогатил од марихуана!

Објавено во: Мои пари 20 Јануари, 2015 22:37

Добивај вести на Viber

Дејн Пијери изгледа како секој друг компјутерски експерт кој работи во Силиконската долина, со разлика на тоа што неговата „старт ап“ фирма продава марихуана.

Овој 26-годишник дошол во 2011 година во околината на Сан Франсиско, како многумина негови врсници кои сакале да бидат дел од технолошкиот бум. Меѓутоа, од пред неколку месеци тој повеќе не се занимава со програмирање, бидјеќи сфатил дека парите целосно легално може да ги заработи во индустријата на канабисот, потенцијално една од најбрзо растечките во САД во наредната деценија.

dane-pieri-foto-facebook_ff

Тој сега е извршен директор на фирмата „Марвин“ која ја основал во ноември минатата година и која во согласност со постоечкиот закон на Калифорнија за дозволена продажба на медицински препишана марихуана ги снабдува со оваа дрога богатите клиенти во Силиконската долина. Клиентите по пат на сајтот може да се определат за саканата количина и вид, а најмала месечна порачка чини 95 долари. За оние кои недоволно се разбираат во канабис, експертите на „Марвин“ во елегантни црни кутии праќаат ќесички со опис на вкусот и ефектот кој го пружаат.

-Никогаш реално не сум размислувал за канабисот како профитабилен бизнис.. Во 2013 никој во  Силиконската долина не обраќаше внимание на тоа, а тогаш во 2014 сите одеднаш се заинтересираа - рекол Пијери за британски „Дејли телеграф“.

Тој наведува дека не се случува често некој производ да има веќе оромен пазар, но не и уредена достава.

-Тоа создава многу можности за бизнис. Речиси секоја фирма во индустријата на канабисот е „старт ап“. Нема големи играчи зацврстени на своите позиции и никој не знае кога се ќе изгледа за десет години - објаснува Пијери, и додава дека од канабисот би сакал да направи производ кој луѓето ќе го купуваат и конзумираат како и секој друг.

   

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави