Се помалку корисници на субвенцијата за покривање на комуналните трошоци во Куманово
Објавено во: Економија 20 Август, 2013 13:48
Според податоците на секторот за социјална заштите од општина Куманово, 1.280 лица ја користат општинската субвенција за покривање на комунални трошоци за потрошена вода и изнесување смет.
- Последниве шест месеци се забележува намалување на бројката на корисници на оваа субвенција, бидејќи дел од нив веќе не се корисници на социјална парична помош, што е еден од условите за користење на општинската субвенција, дел од нив добиле пензија, а дел наоѓаат вработување. Првично субвенциите ги користеа околу 1800 лица, вели раководителот на секторот за социјална заштита Жика Крстевски.
Како што информираат надлежните од секторот, најголем дел од корисниците се евидентирани во Центарот за социјални работи како корисници на социјална парична помош, а помал дел односно една третина се стечајци.
Од буџетот на општина Куманово за оваа програма за тековната година одвоени се околу деветнаесет милиони денари. Субвенцијата е во вредност од 1.200 денари од кои 900, за потрошена вода и 300 денари за изнесување на смет. За да може да ја користат оваа субвенција, лицата мора да се корисници на услугите на двете јавни претпријатија „Чистота и Зеленило“ и „Водовод“.
Можеби ќе ве интересира
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно




