„Се расчистуваше ли теренот за приватен инвеститор да постави ветерници“: Левица прашува дали е коинциденија пожарот на Плакенска планина
Објавено во: Македонија 07 Септември, 2024
Дали со пожарот на Плакенска Планина во Демир Хисар се расчистува теренот за поставување на ветерници од приватен инвеститор, прашуваат од политичката партија „Левица“.
Од таму исрпатија соопштение со кое посочуваат и потсетуваат дека Македонија ова лето ја зафатија големи пожари, а еден од најголемите беше на Плакенска Планина во демирхисарско, со кој локалните мештани од околните села заедно со надлежните институции, не можеа да се справат со денови.
- На социјалните мрежи кружеа и видеа (види коментар) на кои се снимени огнени балони во воздухот над самата планина во касните вечерни часови, кои наведуваа дека планината се пали намерно и со причина.
Сега во јавноста излезе и елаборат изработен во 2023 година од извесен "Вертекс Енерџи" на кој детално се опишува планот на инвеститорот за изградба на Ветерен парк на самиот срт на Плакенска Планина - Ветерен парк "Вирово", Општина Демир Хисар - посочуваат од „Левица“
Додаваат дека на елаборатот детално се опишани и штетните последици по биодиверзитетот, квалитетот на воздухот, зголемена бучава во регионот кој негативно ќе влијае по населението и животинскиот свет, исто така, во елаборатот е прецизно наведено дека планината располага со бројни извори, притоки, водотеци и реки за кои ќе постои зголемена опасност нивно загадување!
Левица само пред неколку денови предложи ЗАКОН со кој се предвидува 50 годишна забрана за било каква урбанизација, градење на објекти, поставување на фотоволтаични централи и сеча на дрвја на опожарени подрачја, но Владата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ гласаа против! - напоменуваат од партијата.