Се расфрлаат со пари за огномет три дена пред Нова година
Објавено во: Свет 28 Декември, 2016
Германците трошат 133 милиони eвра за огномет на три дена пред Нова година.
Во земјата петарди можат да се фрлаат само на 31 декември и 1 јануари насекаде.
Пред новогодишната ноќ Германците ќе потрошат околу 133 милиони евра за петарди, огномети, бенгалски оган и други пиротехнички производи. Ова го соопшти германското здружение на пиротехничка индустрија, цитирано од агенциите.
Официјалната продажба на огномет во германските супермаркети е дозволена само три дена во годината, 29, 30 и 31 декември. Во остатокот од годината, продажбата на пиротехника на територијата на земјата, со исклучок на специјализираните продавници, е забранета.
Минатата година царинската служба на Германија заплени околу 25 000 фалсификувани пиротехнички производи. Поголем дел од шверцерите се обиделе да ги внесат од Полска во Германија. Експертите предупредуваат дека тие не ги исполнуваат потребните стандарди за квалитет и може да претставуваат закана за здравјето на луѓето.