17 Декември, 2025
0.0808

Се распадна „Тиранската платформа“

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2018 18:54

Добивај вести на Viber

Порталб.мк пишува дека т.н. „Тиранска платформа“ што беше потпишана од страна на етничките албански партии од Македонија кај премиерот на Албанија„ Еди Рама, тотално не функционира откако немало никакви меѓусебни консултации за процесот на решавање на спорот со името со Грција.

Од Алијансата за Албанците велат дека постојано упатуваат повик до лидерите на албанските политички партии оти треба да седнат и да создадат внатрешен политички консензус околу прашањето на името, но и дека такво нешто не е реализирано.

„Ние сметаме дека на масата на лидерите треба да биде застапена и албанската опозиција, исто како што беше и со други случаи како што е Охридскиот договор, Договорот од Пржино, се до средбата 'Жан Моне' иницирана од европските пратеници, која беше одржана минатата недела во Охрид, каде што учествуваа сите лидери на позицијата и на опозицијата",вели за Порталб.мк Флакрон Беџети, портпаролот на Алијансата за Албанците.

Од политичката партија „Движење Беса" предводена од Африм Гаши велат кратко дека од ДУИ не се консултирани за ништо, како и оти консултациите за името се вршат директно со премиерот Заев. 

„Сите консултации за процесот на решавањето на прашањето на името претседателот Африм Гаши ги одвива со премиерот Зоран Заев. Во врска со други прашања не не консултирале за ништо од страна на ДУИ", истакнува за Порталб.мк Орхан Муртезани, портпаролот на „Движењето Беса" на Африм Гаши.

Од политичката партија „Движење Беса" предводена од Билал Касами велат дека иако како партија се обидувале интересите на Албанците а ги кренат над партиските интереси, сепак, наидувале на молк од страна на ДУИ.

„Исто како што сме нагласувале и во други случаи, ДУИ настојувајќи да ја задржи ексклузивноста на прашањата што се поврзуваат со Албанците, било и за скандалозниот превод на последниот предлог на името на државата, или пак за други прашања за кои албанските партии постигнаа заедничка согласност во 'Декларацијата на албанските парламентарни партии", укажува за Порталб.мк Аријанит Хоџа, генералниот секретар на „Движењето Беса" на Билал Касами.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски