17 Декември, 2025
0.0621

Се релаксираат блокадите на Блаце

Објавено во: Економија 12 Септември, 2013 20:33

Добивај вести на Viber

По најавите за нормализирање на односите меѓу Скопје и Приштина ,  се релаксира и тензичната состојба на Блаце. Од Здружението на транспортери МакамТранс најавија дека ќе ги редуцираат блокадите, односно дека по 30 минути, на секои два часа ќе дозволуваат да се одвива сообраќајот на границата и ќе ги пропуштаат возилата. Како што вели Билјана Муратовска, секретар на МакамТранс за телевизијата Алсат М, целосно укинување на блокадата може да се очекува штом двете влади постигнат договор за укинување на ембаргото за македонските производи, како и за патна такса за косовските жители. „Денеска пуштаме возилата да се движат по половина час на секои два часа со цел да се намали тензијата. Јас се надевам дека политичарите од двете засегнати страни извлекоа добра поука на некој начин и дека конструктивно ќе разговараат и ние целосно да се повлечеме за да можат нормално да функционираат и двете држави“, вели Муратовска. Освена најавите и ветувањата за нормализирање на односите и враќање на соработката меѓу Македонија и Косово, засега официјално нема повлекување на ограничувањата наметнати од двете страни. Кризата на македонско-косовската граница трае веќе осми ден.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи