Се шири лажна вест дека Грција забранила влез на граѓаните од Тетово, Чаир, Сарај
Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2020 14:38
Неколку македонски он лајн медиуми но и интернет страница на најгледаната македонска телевизија споделија лажна вест според која наводно Грција забранила влез на македонски државјани од општините во земјава каде во последните неколку денови има многу новозаболени.
Имено во веста дури има принт скрин од наводно соопштение на грчкото Министерство за надворешни работи во кое стои дека во Грција нема да можат да влезат жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, но и уште неколку општини каде вирусот забрзано се шири.

„Грчкото министерство за надворешни работи ги информира пограничните служби дека до 1 Јули забранува влез во Грција за жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, Липково, Куманово, Теарце, Студеничани и Шуто Оризари“стои во цитатот од лажното соопштение од грчкото МНР.

Од Министерството за надворешни работи за Фактор потврдија дека веста е лажна, но и без потврдата станува јасно дека соопштението е дискутабилно. Имено соопштението е на грчки со грчка азбука, а само имињата на општините и наслените места од Македонија се на кирилица.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




