18 Декември, 2025
0.0957

СЕ СНАОЃА КОЈ КАКО ЗНАЕ И УМЕЕ: Mногу села во ресенско со години немаат јавен превоз

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2019 06:49

Добивај вести на Viber

Во околината на Ресен има повеќе села кои долги години се без јавен превоз, отсечени, и на мештаните не им останува ништо друго освен со сопствени возила да патуваат до градот.

Ова е лесно за помладите, но е потешкотија за постарите луѓе. Жителите на овие села велат дека за туристите јавниот превоз не е проблем, затоа што тие и онака доаѓаат со сопствени возила, но за постојаните жители е тешко.

„Селото Сливница веќе 10 или 15 години нема редовен јавен превоз. Има едно комбе во текот на денот, кое тргнува околу 9 часот наутро и се враќа во 14 или 15 часот, но на тоа човек не може да се ослони, затоа што порано имало линии на два часа. Овде повеќето жители се млади, возат, со своите автомобили одат до Ресен, а постарите мораат да одат со такси кое чини 400 денари затоа што сме на 18 км од градот. Кога би имале редовен превоз, секако дека жителите почесто би оделе во Ресен. Не е само ова село, и во другите е иста состојбата. Има села кои се далеку од градот, лоцирани на 30 км  и мислам дека таму не би било исплатливо некој превозник да земе линија“, вели Владо Калевски од село Сливница.

Билјана Трајчевска од селото Стење вели дека веќе три години се без јавен превоз и тоа е проблем за месното население.

„Секако дека е проблем и за нас и за туристите. Се снаоѓаат луѓето како знаат, со сопствени автомобили  патуваат до градот“, додава таа.

Oд Општина Ресен велат дека на 18 јули 2019 година имале јавен повик, при што се јавиле три компании, од кои една се жали на критериумите, за што упатила жалба до Министерството за транспорт и врски, и сега локалната самоуправа чека одговор од надлежните.

„Секако дека компаниите водат сметка за оддалеченоста и бројот на жители, затоа што на одредени релации има мал број на патници, посебно за релацијата Ресен – Стење – Ресен“, велат од општината.

Се надеваат дека во наредните месеци ќе имаат попрецизна слика, откако ќе добијат повратен одговор од Министерството за транспорт и врски,  и дека ќе се регулира јавниот превоз во повеќето села кои сега се отсечени. 

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“

Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации

Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации

(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните

(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште