05 Октомври, 2024
0.0264

Се „топи“ бројот на долгорочно невработени лица во државата – дали на терен се чувствуваат промени?

Објавено во: Економија 28 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Oпаѓа бројот на луѓе кои по неколку години чекаат за да се вработат. Статистичките податоци покажуваат дека во Македонија се намалува бројот на долгорочно невработените лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), ако во 2011 година имало 183.486 луѓе кои четири и повеќе години се без работа, во 2016 година таа бројка паднала на 138.850, а во 2021 година изнесувала 74.648 лица. Стапката на долгорочно невработени лица во 2021 изнесувала 12.5 отсто и во однос на 2011 година бележи намалување од 13.4 процентни поени. Се намалува бројот на оние кои до 3 години чекаат вработување. Бројките покажуваат дека ако во 2011 година тие биле 24.504, во 2016 се намалиле на 18.407, а во 2021 година изнесувале 14.862 лица.

Социологот Милева Ѓуровска вели дека врз основа на бројките не можеме да кажеме дали состојбата е добра или лоша, туку треба да ја погледнеме реалноста, но и податоците дека 700.000 луѓе се иселиле од државата. Таа додава дека платите иако се зголемуваат, сепак се непривлечни, а младите не прават компромис, не сакаат да работат за 400 или 500 евра и затоа се иселуваат.

„Ние имаме затворен пазар на труд, нема кадри за некои високо квалификувани позиции, во градот на пример не можете да најдете мајстор затоа што луѓето кои имаат вештини, заминуваат во странство. Лице кое повеќе од 6 месеци е без работа се смета за долгорочно невработено. Од друга страна, мерките кои ги нуди државата преку Агенцијата за вработување, каде државата помага за плати и придонеси за вработување, даваат некои позитивни  ефекти, затоа што претходно имаше проблем со првото вработување на лицата кои немаа искуство“, објаснува Ѓуровска.

Низ годините варира бројот на оние кои од 18 до 23 месеци или до 2 години чекаат работа. Со 1 месец чекале за работа 11.088 луѓе во 2011, во 2016 година тој број бил 9.235, а во 2021 година бројката е 3.619 луѓе. Стапката на невработеност во третиот квартал лани била 14.3 отсто. Ако споредиме со Европската Унија, претходните години беше забележано дека Грција и Италија имаат повисока бројка на долгорочно невработени лица во однос на другите држави. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/yanalya

Можеби ќе ве интересира

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024