22 Ноември, 2024
0.0279

СЕ ЖАЛИМЕ ДЕКА НАМИРНИЦИТЕ СЕ СКАПИ, А ПАК ФРЛАМЕ ХРАНА: Како да бидеме порационални?

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што македонските граѓани се жалат на лошата материјална состојба, сепак многу семејства фрлаат храна. Но, храната можеме порационално да ја користиме.

Душко Христов од Банка за храна Македонија веќе 13 години работи на ова поле, помага за обезбедување оброци за сиромашните и вели дека треба да купуваме храна онолку колку што е потребно.

„Треба да купуваме храна колку што е неопходно. Ако имаме 500.000 семејства, 100.000 семејства да речеме можат да си дозволат да купат повеќе храна. Има семејства кои дневно фрлаат храна во вредност од 50 денари, месечно тоа се 1.500 денари, а годишно се 300 евра“, рече Христов.

Нутриционистот Фани Гулевска вели дека треба да внимаваме на количината на храната која ја купуваме, да не биде тоа премногу, па да се расипе и да мораме да ја фрлиме, но и да се обрне внимание на рокот на производите.

„Треба да се види до кога е рокот на производот, да не биде потоа да фрлиме производ кој не е ни отворен. Остатоците од храна не треба да се фрлаат, туку да бидеме креативни, да ги замрзнеме, да ги употребиме  во некое друго јадење. Ако ни останало месо, можеме да го замрзнеме и да го употребиме за некоја манџа. Постарите генерации така правеле. Треба да си правиме список, план за тоа што ќе имаме за појадок, ручек, вечера. Денес многу од младите поради брзиот начин на живот веројатно не знаат  која храна смее да се замрзне, колку може да стои, но можеме онлајн да се едуцираме. Исто, наместо да купуваме брза храна, можеме да готвиме дома, но некако брзото темпо на живот наметна да немаме време да го правиме тоа и да се жалиме дека сè е скапо. Да, сè е скапо, но можеме да бидеме рационални и со храната“, објаснува Гулевска.

Граѓаните велат дека домаќински треба да се постапува и со храната.

„Храната може порационално да се користи, нешто да се замрзне, да не се фрла“, вели Нада Ивановска, граѓанка.

Дел од нашите соговорници објаснуваат дека не фрлаат храна.

Тоа си зависи од човекот. Оној кој е домаќин не фрла храна. Јас не фрлам храна, си водам сметка за сè и гледам максимално да искористам, било да е тоа зеленчук или овошје. Младите не водат сметка, нив им е најлесно да фрлаат во канта. Ќе купат нешто, нема да го подготват неколку дена, ќе се расипе и го фрлаат“, додава друга граѓанка.

Некои наши граѓани строго водат сметка и за рокот на производите кои ги купуваат во маркетите.

„Ние не фрламе ништо. Ако ни остане леб, пржиме кришки. Треба да има свест кај луѓето, да не фрлаат храна“, рече Вера Ѓошевска, граѓанка.

Иако Македонија е сиромашна држава, нивото на фрлена храна е како кај развиените земји. Ова го покажува Извештајот за индексот на фрлена храна на ОН.

Македонија претходно беше рангирана на осмото место во светски рамки по количина фрлена храна според бројот на жители. Тогаш проценките беа дека годишно во државата фрламе 12.000 тони храна.

Деновиве имаше покачување на цените на прехранбените производи. Во август годинава минималната синдикална кошничка чинела близу 50.000 денари, а од таа сума, за храна и пијалоци се трошеле 20.384 денари.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/Rawf8.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто