21 Јануари, 2025
0.0241

Седум храбри предвидувања за пазарот на бизнис имот

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Да се предвидува иднината на пазарот на бизнис имоти значи прво да се погоди нашата иднина. Како ќе живееме, работиме, купувањето или со каков бизнис ќе се занимаваме во иднина? Еве на пример што вели Питер Линеман од Linneman Associates и професор во The Wharton School of Business, кој е меѓу основоположниците на академските студии на пазарот на имот и важи за еден од 25-те влијателни луѓе во секторот. Бизнис имотите, вели тој, "постојат за да им служат на економијата и општеството“. Во следните 25 години, прогнозираат Линеман и други клучни фигури во секторот, пазарот на комерцијални недвижности ќе се соочи со промени во демографијата, технологијата, глобализацијата, економијата и животната средина. Некои сегменти од индустријата во од вредност трилиони долари ќе се прилагодат, други ќе отпаднат. Бизнисот ќе остане цикличен, но без разлика како ќе се промени, пазарот на комерцијални недвижности се очекува да биде смешен во 2039 година. Ова се седум храбри предвидувања за пазарот на бизнис имот во САД по четвртина век, објавени од CNBC. Голем дел од нив се валидни и за многу други пазари и во глобални рамки. Повеќето трговски центри ќе исчезнат Со други зборови, можеме да очекуваме колапсот на трговските центри да  се случи поради растот на електронска трговија, иако само оние кои постојано произведуваат многу силни приходи, ќе останат во бизнисот и по 25 години. Според експертите ќе има се повеќе т.н. мртви центри, кои ќе завршат празни  на земјиштето на кое се изградени. Други, пак, се на мислење дека не е задолжително да се дојде да уривање на празните трговски центри, тие можат да бидат прилагодени за различни цели.  Физичките продавници ќе станат технолошки Корисниците се повеќе купуваат онлајн - тоа значи дека трговците со физички продавници ќе треба да се постават на бран " ако не можеш да ги победиш , придружи се кон нив" , за да преживееш. Иновацијата ќе биде клучна , како и користењето на технологија и комбинирање на логистичките предности на онлајн трговци .  Бејби бум генерацијата ќе биде зад најголемиот градежен бум Најголемиот пораст на населението во 20-тиот век се уште го покажало целосното влијание. И пазарот на комерцијални недвижности ќе почне допрва да ја  доживува неговата тежината. "Населението старее, затоа по 25 години ќе има силен фокус врз површини поврзани со медицината", коментира Riggs. Тој очекува исто враќање кон доделување на станови за домаќинства кои ќе бидат населени од неколку генерации. Урбанизацијата ќе владее со планетата Ако има нешто за што сите експерти се согласуваат, тогаш тоа е дека светот ќе биде значително урбанизиран и во 2039 година се очекува раст на бројот мегаградови - оние со население над 10 милиони жители. Тие ќе привлекуваат и стари и млади, но желбата на родените по 60-те години на минатиот век да живеат, работат и да се забавуваат во еден компактен регион ќе е основен двигател на пазарот. Долгоочекуваната "смрт на предградијата" ќе се покаже претерана Колку и да се важни градовите сепак предградијата нема едноставно да умрат. "Предградијата сакаат да личат на урбани центри. Младите луѓе, родени по 80-тите години на минатиот век, сакаат да се таму, но сакаат средина која го комбинира нивниот начин на живот и работа ", коментира Стивен Бланк, поранешен инвестициски банкар, денес аналитичар во Urban Land Institute. Работните површини ќе бидат променети од технологијата Може да го наречеме ефектот на Гугализацијата - експертите очекуваат канцелариите од иднината да изгледаат и функционираат повеќе како денешните кампуси на технолошките компании, со отворени простори и објекти, како студио за масажи, бистри или хемиско чистење на место. Зелените згради ќе се актуелни Додека одржливата изградба добива на интензитет во Европа , во САД повеќе е само на зборови , но тоа се менува . Во оваа фаза напорите да се одговори на еколошките стандарди излегуваат скапо , но на долг рок тоа е императив и луѓето во оваа индустрија се свесни за трендот . Златниот стандард во одржливата изградба во САД е LEED ( Leadership in Energy and Environmental Design ) , како различни оценки на сертификација се базираат на поени заработени по различни категории - на пример ефикасно искористување на водата , квалитет на внатрешната средина , отпорни градежни материјали и намалување на отпадот. К.К.      

Можеби ќе ве интересира

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије