,,СЕГА ЌЕ СТАВАТЕ ЧОРАПИ НА ПЕ****ТЕ”: Јавноста згрозена од сведоштвата на средношколците, ХЕРА демантира дека го организирала кампот за сексуална едукација
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2021
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација ги демнатираше наводите дека оваа невладина
организација го организирала извидничкиот настан Sex Scouts and Rock n
Roll и преку објавување своја
реакција бара институциите итно да постапат за расветлување на случајот.
-Според сведоштвото, учесниците на настанот, меѓу кои и малолетни лица биле дел од активности кои се недозволиви и немаат никаква врска со сексуална едукација. Информациите од родителот укажуваат на кршење на малолетнички права и на сексуално вознемирување – однесувања кои се неприфатливи и кои, доколку се утврди дека навистина се случиле, мора да се санкционираат. Еден од најважните постулати на сексуалното образование е да се гарантира безбедна средина за секој учесник и да постои согласност за учество од страна на учесникот, што е уште поважно кога станува збор за малолетни лица кои немаат законска можност да дадат согласност. Доколку се спроведува правилно, сексуалното образование треба теориски да укажува како да се заштитиме од сексуално преносливите инфекции, сексуалното вознемирување, сексуалното насилство и дискриминацијата и во никој случај не смее да опфаќа активности преку кои учесниците се злоупотребени, доведени во непријатна ситуација или наведени да прават нешто против својата волја. Оттука, сексуално образование или едукација не може и не смее да предава секој ентузијаст кој смета дека има познавање од тематиката. Сексуалното образование не е импровизација. За да се изведува онака како што треба, мора да се следат насоките на УНЕСКО и на Светската здравствена организација и мора да биде спроведувано и надгледувано од докажани експерти во областа, психолози, доктори и сертифицирани едукатори и институции. Токму поради вакви ситуации, ХЕРА со години укажува на потребата од квалитетна и докажана програма за сексуално образование која треба да е дел од формалниот образовен систем и проследена со сите потребни стандарди за достоинствена и квалитетна едукација. Едно од основните човекови права е правото на образование и и не смееме да дозволиме младите да ги бараат овие права и информации каде било. Местото за образование е училиштето или неформалната едукација која може да ја спроведуваат единствено искусни, докажани и стручни лица. Истовремено, ги демантираме информациите кои се појавија на социјалните мрежи дека ХЕРА е организатор или поддржувач на горенаведениот настан. Според интерните политики, во изминатите 20 години ХЕРА обезбедува едукативни и информативни материјали и средства за превенција на ХИВ, кои се бесплатни и достапни во нашите сервиси за сите поединци и организации. Оттука, се оградуваме од каква било одговорност за настани и тренинг-програми во чии подготовки и спроведување не сме учествувале. Најпосле, апелираме до сите родители и старатели во иднина, пред да дадат согласност за учество на малолетни деца во какви било активности, да побараат детална програма за активностите и информации за одговорните лица кои ќе гарантираат безбедна средина за учесниците, посочуваат од ХЕРА во нивната реакција.
Инаку, дел од средношколците, односно нивните родители кои за Слободен печат го обелоденија настанот од кој е згрозена целата јавност во Македонија, велат дека по викендот некои од нив побарале дури и психолошка помош поради траумите кои ги доживеале на кампот.
-Не може возрасен човек од над 40 години да доделува награда на девојче од 16 години и да и рече ,,имаш прва награда за најубави гради и следната година да дојдете поголи и повесели”. Може татко да и биде. Јас да бев известена дека такви активности ќе има на таа акција, никогаш немаше да го пуштам син ми таму, верувајте...
-На почетокот син ми мислел дека е шега кога зборувале ,,сега ќе ставате чорапи на пенисите” меѓутоа подоцна сфатил дека работата преминала во најголема екстремност. Син ми одбил да глуми секс пози со стенкање во манастир, па револтирано го испратиле да оди во шума.
Ова се само дел од изјавите на родителите за Слободен печат* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.