СЕКОЈ ДИРЕКТОР ПОЕДИНЕЧНО „ПЕЕЛ“ ПРЕД ТУПАНЧЕВСКИ ЗА НЕГОВИОТ ЗАТВОР - се жалеле на преоптовареност, немање кадар и здравствена заштита
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2022 14:59
Министерот за правда Никола Тупанчески денеска оствари средба со сите директори на затворите, соопшти Министерството за правда.
Средбата се одржала во Министерството за правда, а на неа присуствувал и директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски.
„На состанокот, министерот Тупанчески поединечно беше информиран од секој директор за актуелната состојба во казнено поправните установи. Констатирано е дека најголеми проблеми во затворите се преоптовареност, немање соодветна здравствена заштита за осудените лица, недостаток на соодветен кадар. Договорено е веднаш да се почне со решавање на наталожените проблеми кои со години се провлекуваат. Ќе се интервенира и во Законот за извршување на санкции со цел да се подобрат условите на вработените во затворите. Во наредниот период министерот Тупанчески ќе ги посети затворите со цел лично да се запознае со состојбите. Комуникацијата со директорите на затворите ќе се интензивира во насока на создавање подобри услови за осудените лица и спречување на девијантните појави“, се вели во соопштението од Министерството за правда.
Можеби ќе ве интересира
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6




