17 Декември, 2025
0.1134

Секој прв понеделник компаниите на средба со Сараќини

Објавено во: Економија 20 Август, 2013 11:54

Добивај вести на Viber

„Отворено со бизнисот“ е новиот проект на министрството за економијаспоред кој секој прв понеделник во месецот компаниите ќе се среќаваат со министерот за економија Ваљон Сарачини. Реализација почнува идниот месец со цел, преку отворен дијалог со деловниот сектор да се олесни процесот на носење регулативи и правилници значајни за стопанството.

Преку проектот, како што соопшти Министерството за економија, ќе се лоцираат сите административни точки кои ги отежнуваат условите за водење бизнис. Истовремено, преку редовна комуникација, ќе се отвори можност за побрзо имплементирање новини кои се од клучно значење за бизнисите, а ќе произлезат од потребите на пазарите.

- Создавање поконкурентна економија, развој на претприемништвото и иновациите и подобрување на позициите на компаниите на странски пазари е вревен приоритет на Министерството за економија. Овие цели можат да се исполнат само преку зајакнато партнерство и отворен дијалог со бизнисот. Сакаме дополнително да ја зајакнеме соработката и на тој начин да делуваме ефикасно во интерес на бизнисот и подобрување на економската состојба во целина, истакна ресорниот министер Ваљон Сарачини.

Во рамките на „Отворено со бизнисот“ компаниите ќе можат да ги изложат своите предизвици и да предложат решенија за нивно надминување, да дадат свои идеи во врска со можностите за дополнително скратување на роковите за одредени процедури, но и да се информираат за пристапот до средства од ИПА фондовите и другите кредитни линии. Преку проектот воедно, дополнително ќе се афирмира  и техничката поддршка што ја нуди Министерството за економија за компаниите преку различни наменски програми.

Министерот Сарачини најави дека во рамки на овој проект ќе се прават и анонимни анкети и истражувања во компаниите за подобрување на работата и за најчестите пречки во водењето бизнис, како и истражувања за можностите и потенцијалите на фирмите и нивните потреби во насока на подобрување на бизнисот.

Министерството за економија и досега одржуваше редовни средби со бизнис заедницата. Како резултат на тоа, по барање на бизнис секторот, донесени се неколку нови законски решенија и измени на постојни. Законите за трговски друштва, за стечај, за енергетика, за минерални суровини, за едношалтерски систем,..., се изменети и дополнети по барање на бизнис заедницата во најкраток можен рок за да создадат реални услови за дополнително подобрување на бизнис климата.

 

Според Министерството, како резултат на интензивираниот дијалог со бизнис заедницата зголемен е и бројот на компаниите што ги користат средствата од ИПА фондовите и другите програми за подршка на бизнисот.

Можеби ќе ве интересира

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно