Секој сам одлучува како ќе постапи, вели Спасовски за Димитриевски
Објавено во: Македонија 30 Август, 2021
Интересот на политичкото семејство е пред се, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски кој се кандидираше како независен кандидат за локалните избори.
Спасовски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 беше воздржан на прашањето дали опозицијата ќе добие предност во Куманово поради тоа што актуелниот градоначалник Димитриевски поднесе независна кандидатура.
„Неколку кандидати не се објавени, бидејќи се завршуваат анализите внатре во партијата. Кога ќе завршиме, ќе ги објавиме кандидатите. Таков предизвик имало во Куманово и во минатото. Секој сам одлучува како ќе постапи. Јас мислам дека семејството, во овој случај. политичкото семејство е пред се. Интересот на градот, на државата треба да биде ѕвезда водилка и со таков интерес ќе настапиме и во Куманово“, вели Спасовски.
Димитриевски претходно изјави дека жали што некои поединци неговиот потег го сметаат за предавство.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.