17 Декември, 2025
0.0565

Сериозна компанија од автомобилската индустрија ќе инвестира во Кочани?

Објавено во: Економија 17 Септември, 2013 19:51

Добивај вести на Viber

Компанија од автомобилската индустрија ќе инвестира во Кочани, најави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски кој беше на работната посета во овој град. Тој појасни дека се работи за сериозна компанија со која Владата е во директни разговори. Денеска Пешевски се сретна и со вработените во Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство и во Агенцијата за поддршка на земјоделството, како и со градоначалникот Ратко Димитровски каде се зборувало за проблемите со кои се среќаваат овие владини сектори и за политиките во земјоделството. Пешевски најави и дека наскоро ќе се реши проблемот со просторот за Подрачната единица на Министерството за земјоделство со што ќе се овозможи земјоделците при аплицирањето за субвенции да доаѓаат во подобри услови. Тој зборуваше и за проектот што Министерството го реализира со турската компанија ТИКА за новите сорти на ориз и нивното пробно производство на полињата во Кочанско, за увозот и употребата на препарати во оризопроизводството со сомнителен квалитет, како и за откупот на оризот од годинашната реколта. Во однос на барањето на конфекционерите за воведување на субвенции и за нив, исто како како и во земјоделието, Пешевски вели дека е разгледувано многу пати , но владин став е дека сите ндустриски гранки треба да имаат ист третман.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди