17 Декември, 2025
0.0577

СЕРИОЗНА КРИЗА ВО ГЕРМАНИЈА: Берлин тешко дека може да најде излез- Шолц предизвика големи проблеми

Објавено во: Финансии, Свет 27 Ноември, 2023 10:00

Добивај вести на Viber

Германскиот канцелар Олаф Шолц и неговиот кабинет ја доведоа Германија во „сериозна национална криза“, изјави за новинарите во саботата Маркус Содер, премиерот на Баварија. Берлин сега тешко може да најде излез од оваа неволја, предупреди политичарот, додавајќи дека „буџетската вонредна состојба“ на владата најверојатно ќе се претвори во уште еден товар за обичните Германци.

Владата најави укинување на контролите на цената на енергенсите до крајот на годинава. Ограничувањата на цените на струјата и гасот беа воведени во 2022 година за да се заштитат домаќинствата и деловните субјекти од зголемувањето на цените на гасот и електричната енергија бидејќи Германија активно го намалува увозот на енергија од Русија, заедно со многу други земји од ЕУ. Мерката беше воведена како одговор на избувнувањето на конфликтот во Украина.

Ограничувањата требаше да останат во сила најмалку до март 2024 година, но Берлин мораше да ги промени своите планови откако германскиот уставен суд го блокираше нејзиниот обид да префрли 60 милијарди евра (66 милијарди американски долари) од фондот за пандемијата „Ковид-19“ на други проекти.

Според Содер, Шолц и неговиот кабинет немаат апсолутно никаков политички план и се „целосно безумни“, рече политичарот, кој ја води и најголемата партија во Баварија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ). „Оваа влада е банкрот“, додаде тој.

Владата е беспомошна

Седер, исто така, го означи прогласувањето на Берлин за „буџетска вонредна состојба“ како знак на „целосна беспомошност“ на владата.

Шефот на Баварија особено ја критикуваше стратегијата на федералната влада во борбата против поскапувањето на енергенсите, што е резултат на откажувањето од руските енергетски испораки само со субвенции. „Идејата за самосубвенционирање на цените на струјата не функционира. Потребна е поинаква енергетска политика. Тоа е суштината на проблемот“, рече тој, барајќи од Берлин конкретно да го поништи затворањето на своите нуклеарни централи.

Сега, укинувањето на ограничувањата за цените на енергијата ќе доведе до високо ниво на неизвесност за економијата и ќе ги зголеми цените на струјата и за граѓаните и за компаниите, предупреди тој.


Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска