17 Декември, 2025
0.0396

Северниот дел на Ирак под контрола на екстремистите – масовни погубувања!

Објавено во: Свет 17 Јуни, 2014 12:56

Добивај вести на Viber

Сунитските екстремисти ја презедоа контролата врз повеќето шиитски градови во северен Ирак, призна официјален претставник на ирачката Влада. Во борбите се егзекутирани десетици цивили и припадници на ирачките безбедносни сили. Радикалите го нападнале и селото Башер, на само 15 километри од градот Киркук богат со нафта, но по едночасовна борба, нападот бил одбиен. Ирачката државна телевизија „Иракија“ соопшти дека убила двајца припадници на радикалната Исламска држава на Ирак и Левант (ИСИЛ), но не прецизираше на која локација. ИСИЛ во последната недела успеа да преземе контрола врз огромна територија во централен и северен Ирак, а напредувањето на екстремистите запре во непосредна близина на Багдад. Обама испраќа војници во Ирак – тврди дека ќе ја обезбедуваат амбасадата Високата комесарка на Обединетите нации за човекови права Нејви Пилај вели дека има докази кои речиси сигурно потврдуваат оти припадниците на ИСИЛ вршат воени злосторства во Ирак, убивајќи ги оние што не се борат на нивна страна. Според нејзините сознанија, жестоко страдаат војниците, полицајците, регрутите и останатите кои се предале или биле заробени. „Иако нивниот број засега не може да биде точно утврден, очигледно е дека систематски се вршени серија ладнокрвни погубувања, повеќето на различни локации во регионот на Тикрит, речиси сигурно во размер на воени злосторства“, рече Пилај.  

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави