Шахпаска: Со новиот Закон го враќаме правото на жената сама да одлучува и обезбедуваме безбеден абортус
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2019 13:09
Владата усвои нов Закон за прекин на бременоста. Правото на жената за прекин на бременоста е неприкосновено. Жената сама, свесно носи одлука за раѓање и број на деца. Прекинот на бременост мора да е е безбеден, во услови и на начин согласно медицина базирана на докази и од стручни лица - соопшти пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска.
Таа вели дека нема веќе административни процедури: комисии, нема веќе пристрасно советување, нема 3 дена чекање, нема веќе носење одлуки во нејзино име.
„Прекин на бременост ќе се прави и на примано ниво на здравствена заштита во услови и начин предвидени со закон. Прекин на бременост ќе се прави по барање и дадена согласност на жената до 12 седмица, а во одредени случаи и до 22 седмица.
Жената ќе знае како се изведува, колку и какви последици носи интервенцијата. Животот на жената е пред се. Минатата власт донесе закон кој го отежна пристапот до безбеден абортус, го ограничи правото на избор, ги стигматизираше и осудуваше жените“, додаде таа.
Шахпаска убедува дека со новиот закон се гарантира достоинство, приватност, информираност и доверливост на жените.
Законот наскоро ќе влезе во собраниска процедура.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




