14 Јуни, 2024
0.2352

Шарениот револуционер Александар Донев ќе го промовира туризмот

Објавено во: Македонија 11 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Александар Донев, активистот на Шарената револуција, е новиот вршител на должноста директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот. Него јавноста многу повеќе го памети како учесник на долгите протести кои врвот на незадоволството го демонстрираа кога претседателот Ѓорге Иванов реши да ги аболира осомничените политичари и функционери од СЈО како и нивните соработници.

-  Како е кога знаете дека ако не дојдете во 6 пред СЈО ќе бидеме послаби или да го формулирам обратно, како е кога ќе дојдете и кога ќе ги видите вашите другари и другарки заедно рамо до рамо во борба за подобро утре? Разбудени и цврсто решени во оваа заедничка борба. Епа јас баш од таму ја црпам инспирацијата за мојот придонес во нашава прекрасна #ШаренаРеволуција. И нема нешто што ќе ме одврати или поколеба во мојата истрајност, напиша Донев во колумна за време на протестите.

Донев е инаку основач на Mustseedonia - Land of Adventure, организацијата која се занимава со промоција на туристичките места и природните убавини на Република Македонија кои се малку познати како за домашните, така и за странските посетители. 

Нивна главна определба се авантуристичкото патување и активностите на отворено во природа. Се обидуваат да ја промовираат Македонија на глобалната мапа за сите љубители на алтернативниот туризам. 

Агенција за Промоција и Подршка на Туризмот (АППТ) е владина организација чија основна функција е промоција на туристичките ресурси и капацитети на Република Македонина на меѓународно ниво. Со основна цел привлекување на туристи во Македонија како уникатна туристичка дестинација агенцијата има започнато со проекти и кампањи финансирани од Владата на РМ.

Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ЛИМАНИ, ДУРМИШИ, СУЛЕЈМАНИ: БЕСА ги избра кандидатите за министри

ЛИМАНИ, ДУРМИШИ, СУЛЕЈМАНИ: БЕСА ги избра кандидатите за министри

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oсмани вели дека и Македонија и Грција ги исполнија клучните обврски, а Сиљановска - Давкова тврди дека не го прекршила Договорот од Преспа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oсмани вели дека и Македонија и Грција ги исполнија клучните обврски, а Сиљановска - Давкова тврди дека не го прекршила Договорот од Преспа

СИЉАНОВСКА - ДАВКОВА: Со Герапетритис не беше отворена темата за името

СИЉАНОВСКА - ДАВКОВА: Со Герапетритис не беше отворена темата за името

ГАШИ: Се надевам дека Северна Македонија и Албанија во ист ден ќе станат полноправни членки на ЕУ

ГАШИ: Се надевам дека Северна Македонија и Албанија во ист ден ќе станат полноправни членки на ЕУ

OСМАНИ: Грција не размислува за ново вето

OСМАНИ: Грција не размислува за ново вето

НОВ СЛУЧАЈ: Непалци побегнале од работните места во Скопје и Тетово

НОВ СЛУЧАЈ: Непалци побегнале од работните места во Скопје и Тетово

ОСМАНИ: Законите за промена на имињата на МРТ и на МАНУ стојат заглавени пет години

ОСМАНИ: Законите за промена на имињата на МРТ и на МАНУ стојат заглавени пет години

СЛАВЕСКИ: Jа прочитав „убавата вест” дека дошло време во градот Струга да се образуваат лекари

СЛАВЕСКИ: Jа прочитав „убавата вест” дека дошло време во градот Струга да се образуваат лекари

Холандскиот турист бил каснат од отровната змија додека ја разгледувал Самоиловата тврдина

Холандскиот турист бил каснат од отровната змија додека ја разгледувал Самоиловата тврдина