19 Декември, 2025
0.0538

Шеици го купија „Scotland Yard“ за 467 милиони евра

Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2014 19:50

Добивај вести на Viber

 „Scotland Yard“, седиштето на лондонската полиција, едно од најпознатите во светот, е продадено на инвеститорите од Персискиот залив, објави канцеларијата на лондонскиот градоначалник. Планот на инвеститорот е да го претвори  „Scotland Yard“ во луксузни апартмани.

Во соопштението на градоначалничката канцеларија се наведува дека Абу Даби финансиската група платила за локацијата 370 милиони фунти (467 милиони евра), што е цена за 120 милиони фунти поголема од бараната, пренесува Бета агенцијата.

Локацијата, како што е најавено, ќе биде „стамбена населба за разни намени“.

Полицијата, според планот, ќе се пресели во помала зграда, а се со цел да се намалат трошоците.

На новата локација, се додава, полицијата ќе го задржи својот иконски ротационен симбол „New Scotland Yard“ кој сега стои пред зградата изградена во 1960 година.

Полицијата додава дека заштедата настанала со оваа продажба и селидбата ќе ја пренасочат на купување на современи технички помагала за своите вработени.

Продажбата на „Scotland Yard“ е последна во веќе долгата низа продадени лондонски топ дестинации чии нови сопственици се инвеститорите од Персисикиот залив.

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година