21 Декември, 2024
0.0270

Шекеринска: 2030 мора да биде наш таргет датум, прашањето на проширување мора да стане прашање на геополитика, на безбедност и од страна на Европската Унија

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

„Влезот во ЕУ од политичка амбиција до геостратешка неопходност?“ е првиот панел од конференцијата „Интензивирана соработка: Обновениот Берлински процес и иднината на регионалната соработка во Југоисточна Европа“ што денеска се одржува во Скопје, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и Амбсадата на Сојузна Република Германија во Северна Македонија.

Во своето излагање заменик на претседателот на владата за европски прашања Бојан Маричиќ потенцираше дека клучно е таа политичка волја на Европската Унија за поинаков пристап, подинамичен пристап кон Западен Балкан, да се одрази и преслика и во конкретни чекори.

„Прво она што мислам дека е најважно е заедно со државите од Западен Балкан, и затоа во тоа светло го поздравувам и утрешниот самит во Тирана, каде што по прв пат во регионот се случува таков самит, да сите лидери на Европската Унија дојдат во нашиот регион и заседаваат негде надвор од Европската Унија, заедно со државите од Западен Балкан и тоа е позитивен сигнал сам по себе. Она што е важно таа политичка волја со такви чекори, но и со конкретен план за зачленување на државите од Западен Балкан, ги спојат двете политички волји, политичката волја за проширување од страна на Европската Унија и политичката волја за реформи од страна на државите од Западен Балкан. Само на тој начин може да се врати вербата на граѓаните и на оние политичари коишто работат за членство во ЕУ дека е тоа реално остварлива цел”, рече вицепремиерот Маричиќ.

Потпретседателката на ПЕС и поранешна министерка за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека задача на европските лидери е да се борат за ставот дека Европската Унија мора биде поголем и посилен геополитички актер особено во својата околина.

„За да може да бидете геополитички актер мора да бидете актер на којшто му се верува или барем да му веруваат сојузниците. За тоа зборот треба да има свое значење. И во принцип, прашањето кое што си го поставуваме е дали проширувањето во свет на овие настани може да ги трансформира нашите општества, дали има се уште капацитети за трансформација, дали веќе јавноста има доверба. 2030 година мора да биде наш таргет датум, но во исто време тој треба да се комуницира со ЕУ во исто време треба да зборуваме во еден глас, треба да кажеме дека нема веќе ниту една причина било која земја да биде надвор од кандидатскиот статус. Прашањето на проширување мора да стане прашање на геополитика, на безбедност и од страна на Европската Унија. Прашањето за билатералните спорови кои го блокираат процесот на проширување мора да се пресече од страна Европската Унија. Или треба да се најде начин тие да се елиминираат во процесот иако е тоа невозможно, ЕУ мора исто така да седне на маса. Потсетувањето на фундаменталните права дека тие се реално клучната карика во процесот на проширување тие мора да бидат и наш интерес“, посочи Шекеринска.

Директорката за Југоисточна Европа, Турција, OБСЕ и Советот на Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија Сузана Шутц истакна дека прашањето на Берлинскиот процес од политичка амбиција до геостратешка неопходност е многу важно за федералната влада и дека се среќни што е можно да се добие зелено светло за Северна Македонија заедно со Албанија.

„Сега е крајно време да се подобри односот помеѓу Западен Балкан, ЕУ и земјите од Западен Балкан да донесат стратешки одлуки за тоа каде се гледаат како партнери и сојузници, бидејќи сите донесоа одлуки да станат членки на ЕУ, и Србија да покажат дека сакаат да станат членки не само со зборови, туку и преку акција. Ние сме многу среќни што Северна Македонија почна со скрининг процесот и тој се одвива многу добро. Се надеваме дека Северна Македонија може многу брзо да напредува. Ние сметаме дека земјава има добра шанса да стане предводник во овој процес секако доколку има поддршка од целата земја, опозицијата и цивилното општество. Може да сметате на поддршката од оваа германска влада и ЕУ“, потенцираше Шутц.

Претседателот на Институт за демократија, Марко Трошановски посочи дека пандорината кутија која што ја отвори преседанот со преговарачката рамка за нашата земја и понатаму под голем ризик ја носи ефективноста на процесот на проширување.

„Македонија со незапочнат процес на преговори е многу понапред или барем на исто ниво и од Србија, и од Црна Гора во многу од поглавјата, кластерите, а го немаше започнато процесот со пристапување кон унијата“, рече Трошановски.

Директорката на Институтот за европска политика Симонида Кацарска говореше за ставовите на граѓанското општество за европската интеграција на земјава и Западниот Балкан, за влијанието на геостратешките промени врз процесот и ги претстави препораките на граѓанските организации од регионот, кои ЕПИ ги собра на подготвителната работнилница во пресрет на овогодинешниот Самит на Берлинскиот процес.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДВАЈЦА МЛАДИ МАКЕДОНСКИ ЛЕКАРИ НЕСЕБИЧНО СПАСУВАА ЖИВОТИ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО НАПАДОТ ВО МАГДЕБУРГ - горда е македонската амбасада на нашата дијаспора

ДВАЈЦА МЛАДИ МАКЕДОНСКИ ЛЕКАРИ НЕСЕБИЧНО СПАСУВАА ЖИВОТИ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО НАПАДОТ ВО МАГДЕБУРГ - горда е македонската амбасада на нашата дијаспора

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза